Асад ги обвини западните лидери за дволичност
Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска изјави дека земјата се соочува со „тероризам без лимит" на исламските екстремисти и ги обвини западните лидери дека се однесуваат дволично и се раководат согласно своите себични интереси, несфаќајќи за реалноста во Сирија, пренесува МИА
- Земјата се соочува со такфири (сунитската исламистичка) идеологија. Оваа е тероризам без лимит, меѓународен камшик кој би можел да удри каде било и кога било, истакна Асад во разговорот со делегација од Австралија.
Асад ги критикуваше и западните лидери дека не ја сфаќаат реалноста или природата на судирите во Сирија.
Тој ги обвини и земјите од Персискиот Залив, посебно Саудиска Арабија која е противник на режимот во Дамаск поради пружање поддршка на џихадистите „во заверата да се уништи Сирија", но и САД, Велика Британија и Франција, кои ги поддржуваат „умерените опозициски фракции" со иста намера - соборување на режимот на Асад.
Делегација од академици, истражувачи и активисти од Австралија пристигна во Сирија да изрази солидарност со режимот на Асад и да истакне дека се против странската интервенција во земјата.
(Нова Македонија)
23 декември 2013