Германскиот весник наведува дека на крајот на октомври, пратеник од партијата на Зелените, Ханас Кристијан Штребеле, го посетил Сноуден во Москва и истакнал дека Сноуден тогаш испратил едно писмо за канцеларката Меркел, во кое се вели дека тој би сакал да и помогне на Германија во разјаснувањето на аферата, ако добие азил.
-Имам големо почитување за Германија - напишал Сноуден во имеил-коресподенцијата со овој весник, нагласувајќи дека нема страв од тоа дека, потоа, би можел да биде екстрадиран во Германија.
Сноуден смета дека никој во германската влада не мисли сериозно, дека Америка би ја санкционирала Германија, само затоа што на еден познат критичар би му дала азил, и верува дека од тоа Америка би имала поголема штета отколку добивка.
-Тоа на крајот би можело да и нанесе штета на Америка, а не на Германија - вели Сноуден.
(Нова Македонија)
23 декември 2013