Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:39 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Бранд и Шмит: канцелари на спротивности (1дел)

    Бранд и Шмит: канцелари на спротивности

    Денеска (23.12) поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит го слави 95-от роденден, Пред некој ден се навршија пак сто години од раѓањето на легендарниот канцелар Вили Брант.

    Мора ли добар политичар да поседува страст кон работата? Не мора, изјави неодамна Хелмут Шмит во едно телевизиско интервју. „На човек му треба волја и - цигари". Шмит е она што во Германија го нарекуваат Kettenraucher (пали цигара за цигара) и опкружен со чадот од цигари ги помина своите два канцеларски мандати од 1974. до 1982. година. Тој навистина не тежнееше да се прикаже како страствен и харизматичен политичар, но беше, а и до денес е многу почитуван. Тотална спротивност во однос на Вили Брант кого поради учеството во Шпанската граѓанска војна и земањето на норвешко државјанство го оцрнуваа како „егзилант" или „Комунистички другар" . Сепак, Брант за разлика од Шмит граѓаните го сакаа. Дури и пред да стане канцелар во 1969. година тој беше сметан за „германскиот Кенеди"- млад, паметен, обожуван.

    Брант од своето прво излегување на јавната сцена се прифилира токму со својата харизма, раскажува историчарот Норберт Зајц. „Но дури и неговите аминувања од функциите канцелар или во 1987 година претседател на Социјалдемократската партија беа спектакуларно емотивни", вели Зајц за Дојче Веле.

    Кога опозицијата во 1972. година со гласање за доверба имаше намера да го собори Брант од власт, илјадници демонстранти излегоа на улиците, многу работници стапија во штрајк. Милиони бараа нивниот Вили да остане канцелар. „Хелмут Шмит уживаше поинаква поддршка", раскажува Зајц. „Имаше почитување, пред сѐ, поради решителноста и храбороста во кризни ситуации".

    Емигрант и војник на Вермахтот

    Двајцата најзначајни социјалдемократи во повоена Германија беа чиста спротивност, но нивните односи беа комплицирани - конкурентски, често и непријателски. Ставовите на „ладниот како шприцер" Шмит и саканиот но понекогаш нерешителен Брант се судираа. Шмит го критикуваше постариот колега, честопати и отворено, но новинарот Гунтер Хофман тврди дека помладиот политичар секогаш чезнеел за признание од страна на постариот. Тоа се гледа во писмата кои двајцата ги разменувале со децении, вели Хофман кој напиша книга за двајцата канцелари: „Брант до крајот на животот не му укажува отворено признание. Можеби Шмит едноставно му бил премногу туѓ".

    Политичарите ги дели само пет години старосна разлика, но како да ги делат цели светови. Брант од самиот почеток бил опозиција на Хитлер, од нацистите пребегал во Норвешка каде ја продолжил револуционерната работа. Шмит наспроти тоа во Втората светска војна бил војник на Вермахтот, дури и офицер на Источниот фронт. Бил „прилагоден" за што подоцна се каеше. „Шмит страдаше поради тоа што во поглед на режимот на Хитлер не бил толку далековид како Брант", вели Хофман.

     

     

    Rating: 0.0/0
    Views: 271 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024