Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 0:40 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Бранд и Шмит: канцелари на спротивности (2дел)

    Бранд и Шмит: канцелари на спротивности

     

    Гето и отвореност

    Бранд и Шмит во политиката ги придвижуваа различни горива. Кај Брант тоа беше изградбата на Берлинскиот ѕид во 1961. година во време кога беше градоначалник на Берлин. Кај него не стануваше збор за реакција, дејствување туку за изнаоѓање на вистинските зборови. И Брант ги пронајде - „Нова политика кон истокот", гласеше мотото на неговиот период на чело на Германија, а значеше приближување кон Германската Демократска Република и другите земји од тогашниот Варшавски пакт, средба со советскиот лидер Леонид Брежњев и, пред сѐ, падот на колена во варшавското гето, местото на страшни германски злосторства. До денес не се знае дали Брант го направи тоа спонтано. „Сакаме како народ да бидеме добар сосед", рееч Брант во канцеларската изјава во 1969. година. Негово второ мото беше „повеќе демократија" - бараше поотворено, послободно општество.

    Дејствувач и менаџер

    Шмит од друга страна мораше од самиот почеток да биде кризен менаџер. Уште во 1962. година кога беше сенатор за внатрешни работи во Хамбург за време на големите поплави во овој пристанишен град тој покажа врвни способности: ги искористи добрите контакти во Бундесверот и во НАТО и издејствува итна помош од војската, што германскиот Устав всушност го забрануваше. Од него се бараше решителност и кога стана канцелар. Реформската еуфорија од времето на Брант брзо замре. Во 1973. година цените на нафтата подивееја предизвикувајќи светска криза: пред Шмит беа куп проблеми откако Вили Брант во 1974-та година се повлече откако во неговиот канцеларски кабинет беше откриен источногермански шпион.

    И веднаш потоа, кога Германија во 1977. година ја потресуваа терористичките акции на Фракцијата на Црвената Армија (РАФ) кои кулминираа со киднапирање на авион, се бараше менаџерската вештина на Шмит. „СР Германија се бараше сама себеси, а РАФ беше најекстремниот израз на немирите и несредените односи", ги опишува доцните 70-ти години од минатиот век новинарот Хофман. Новите граѓански иницијативи и растечкото мировно и еколошко движење кое Брант со своите антени на време го регистрира и делумно го подржа, останаа сосем далечни за Хелмут Шмит. На крајот на својата ера на чело на владата Шмит остана осамен во својата партија кога не сакаше да им дозволи на Американците да разместат ракети на германска територија.

    Авторот на книгата за двајцата канцелари Хофман смета дека без оглед на сите историски факти погледите на Шмит и Брант се сепак клишеа кои уредно се одржуваат од страна на медиумите до денешен ден.

       (Дојче Веле)

        23 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 198 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024