Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:48 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Нацисти на вечниот мраз

    Нацисти на вечниот мраз

    Со експедицијата на Антарктикот од 1938. до 1939. година, нацистите доживеаја успех на научен план, но сѐ останато беше голем неуспех. Сепак, и денес кружат гласини за некакво „Нацистичко утврдување" на Јужниот пол.

    Различни митови кружат за вистинскиот крај на Третиот рајх. Иако е историски докажано дека некои од нацистите се истовариле во Јужна Америка, во научно-фантастичниот филм Железно небо (Iron sky) на финскиот режисер Тим Вуоренсол од 2012 година, е прикажано како нацистите дошле и до темната страна на месечината. Исто така и покраината Нојшвабенланд и Ној-Берхтесгаден важат за засолништа на нацистичките водачи по Втората светска војна.

    Додека Нојшвабенланд е јасно дефинирана област на источниот брег од Антарктикот, околу регионот Ној-Берхтесгаден, кружат теории на заговор.

    Тајните на кралството

    Историјата на нацистите на вечниот мраз, започна во 1930-тите години и тоа со потрагата по масло од китови. Тешко дека кој било друг производ им задавал таква главоболка на германските чиновници во различните министерства. Маслото од кит, кое главно се набавувало од Норвешка, било многу скапо, а се плаќало и со пари и со девизи, кои тогаш биле многу важни за во војна. Производителите на маргарин, масло и сапун не можеле да работат без основната состојка. Посебно заинтересиран да го реши овој проблем бил Херман Геринг, кој како министер за економија, верувал дека со тоа Германија би била економски независна и спремна за војна. Од таа причина германското царство изградило своја флота за лов на китови.

    Историјата на нацистите на вечниот мраз, започна во 1930-тите години со потрагата по масло од китови

    На 17 декември 1938, истражувачкиот брод Швабенланд заедно со два хидро-авиони од Хамбург тргнале на пат кон Јужниот пол. Целта била: 20 степени западно и 20 степени источно. Официјалниот назив на истражувачката експедиција бил „Третата германска експедиција на Антарктик". Меѓутоа Геринг, неофицијално, им дал уште една задача: нешто што дотогаш се викало „Тајната на Третиот рајх". На бродскиот екипаж му наредил да постави знаме на таа територија, за подоцно тоа да биде темел за присвојување на територијата кон германското царство. Експедицијата, меѓу другото, требала да истражи дали германските воени бродови и подморници воопшто можат да опстанат во ова подрачје.

    Поради што е поштеден Јужниот пол?

    На 19 јануари 1939 година германскиот брод и водачот на експедицијата Алфред Ритчер дошле до посакуваното место. Меѓутоа, било предоцна. Норвежаните тоа подрачје веќе го прогласиле за своја територија. Учесниците на експедицијата биле разочарани. Ја покажале картата на Антарктикот со веќе означената област Нојшвабенланд - така требало да се вика идната германска област, која на картата била означена со кукастиот крст.

    Во научна смисла експедицијата била успешна. Екипажот во внатрешноста открил област без снег и мраз. Пронашле пространство со езера и блага клима. Тоа подрачје го добило името по капетанот на бродот, Ширмахер. Хелмут Волтат, еден од организаторите на експедицијата, исто така ја открил планината Волтат, чиј највисок врв Цвизелберг е на височина од околу 3000 метри.

    На 17 декември 1938 истражувачкиот брод Швабенланд тргнал на пат кон Јужниот пол

    Екипажот напредувал и во истражувањето на китовите. Сепак, војната ставила крај на се`. Со избивањето на војната веќе немало место за нови походи на Антарктикот. Тогаш се било ставено на располагање за воени цели.

    Засолниште во ледената пустина?

    Враќањето на бродот Швабенланд не било особено забележано. Меѓутоа, по завршувањето на Втората светска војна се јавиле гласини за таинствени експедиции и други активности на нацистите во тој регион. Се зборувало дури и дека тоа станало вистинско германско утврдување. Некои од нив, како Мартин Борман, Ева Браун дури и самиот Хитлер, таму нашле засолниште. И британските и американските специјалци биле поразени во битката за освојување на таа последна германска потпирна точка. Сепак, тоа се само легенди и гласини кои и денес кружат на десничарската-радикална сцена.

       (Дојче Веле)

        23 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 359 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024