Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 0:37 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Кинезите се закануваат: Ќе ги изгазеле Јапонците!?

    Кинезите се закануваат: Ќе ги изгазеле Јапонците!?

    Министерството за одбрана на Кина, остро реагираше на зголемувањето на воениот буџет на Јапонија, затоа што тоа го смета за закана во врска со островите околу кои се спорат двете земји

     

    Кинеското министерство за одбрана остро реагираше на одлуката на Јапонија, за пет проценти да го зголеми воениот буџет во наредните пет години и да ја зајакне одбраната за да има доволно потенцијал да одговори на можните напади од кинеска страна. Кина ја предупреди Јапонија дека им е подобро тоа да не го прават, затоа што во спротивно ќе ги изгазат поради провоцирање немири, кои се и онака на работ да ескалираат затоа што повторно е отворен спорот меѓу двете земји околу превласта над островите во Источното кинеско море. Јапонците овие острови ги нарекуваат Сенкака, а Кинезите Диаоју.

    -Апелираме на Јапонија да размисли за својата историја, да остане посветена на мирниот развој и да преземе конкретни мерки со кои ќе одржува мир и прогрес - изјави портпаролот на Министерството за одбрана Генг Јаншенг.

    Според планот, кој властите во Токио го одобрија во вторникот, земјата благодарение на зголемениот буџет, ќе го зголеми воениот арсенал прво со беспилотно летало за надгледување - „Г-35 стелт авиони" со американска изработка, и таканаречениот „Аегис" борбен систем за воени бродови. Меѓутоа, официјален Пекинг тоа вооружување го опиша како обид под изговор на национална безбедност да се спроведе таканаречен „проактивен пацифизам" - систем во кој нападот е најдобра одбрана.

    -Јапонија продолжува да ја негира својата агресија во текот на Втората светска војна, загрозувајќи го на тој начин поредокот настанат по тој судир, со што се омаловажуваат чувствата на нациите кои биле жртви на војната - истакна Генг.

        (Нова Македонија)

         27 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 208 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024