Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 0:23 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Преговорите во Јужен Судан минаа конструктивно

    Преговорите во Јужен Судан минаа конструктивно

    Јужносуданскиот претседател Салва Кир имаше конструктивни преговори со премиерот на Етиопија и претседателот на Кенија, Хајлемаријам Десалегон и Ухуру Кенијата, со цел стопирање на бранот насилства во најмладата држава во светот, пренесува МИА

     
    -Средбата беше отворена и конструктивна, изјави етиопискиот министер за надворешни работи Тедрос Абодон.

    На средбата било разговарано за прекин на непријателствата меѓу спротивставените страни и за можностите за пронаоѓање политичко решение. 

    Кир се сретна со двајцата лидери во Џуба во обид да се пронајде решение на конфликтот, во кој веќе загинаа илјадници лица, а десетици илјади беа принудени да ги напуштат родните места.

    Веќе една недела трае конфликтот меѓу силите лојални на Салва Кир и вооружените групи што го поддржуваат поранешниот потпретседател на Јужен Судан, Рик Мачар. 

    Мачар не присуствуваше на средбата. Тој се крие, откако неговите сили ги презедоа регионите богати со нафта крај границата со Судан. Поранешниот потпретседател сепак преку „Судан трибјун" изјави дека е подготвен да почне дијалог.
     
       (Нова Македонија)
        27 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 204 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024