Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 0:45 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Листа на заговори кои се покажале како вистинити

    Листа на заговори кои се покажале како вистинити

    Бизниз Инсајдер создаде листа на заговори кои се покажале како вистинити. Сигурно досега сте слушнале за бројни теориите за заговор, но луѓето кои ги шират најчесто не можат да докажат дека се вистинити. Но со тек на времето, некои тајни на владите во светот излегуваат на површина и заговорите кои  биле само теории, се потврдуваат и стануваат вистините случки. 
    alkohol

    Владата на САД ставала отров во алкохолот за време на прохибицијата

    Во 1920-та година во САД биле забрането производство, продажба и транспорт на алкохолот, но не и консумирање на истиот. И покрај забраната, алкохолизмот бил во пораст. До средината на 1927-ма владата на САД ставала смртоносни хемикалии во алкохолот – на почетокот метил алкохол, а потоа супстанци како керозин, хлороформ и ацетон, за да го отежнат консумирањето на алкохолните пијалаци.

    Во 1926-та Њујоршкиот патолог Чарлс Норис пробал да ја предупреди јавноста за ова. Таа година отровниот алкохол бил причина за смрт на 400 луѓе, а следната на 700 жители на Њујорк.

    polio

    Вакцината против детска парализа била контаминирана со потенцијален канцероген вирус

    Во периодот од 1954 до 1961 вирусот Simian 40 (SV40) се појавил во вакцината против детска парализа , која била одобрена и давана од американскиот институт за јавно здравје. Се проценува дека 98 милиони луѓе  во САД и уште повеќе во светот ја примиле контаминираната вакцина.  SV40 предизвикува рак кај животните, но научниците верувале  дека ракот кај луѓето и животните се разликува. Меѓутоа, независните истражувања покажале дека овој вирус е дел од туморот на мозокот кај деца и возрасни.

    kuba

    Американската војска планирала лажен напад над САД за кој би ја обвиниле Куба

    Во 1962-та година, на Претседателот Кенеди му била предложена тајна операција, која вклучувала „погреб на лажни жртви", „напад на американски брод во Гвантанамо и префрлање на вината на Куба", со цел да се добие поддршка за вооружен напад на Куба. Кенеди го одбил тој план со објаснувањето дека никогаш нема да користи такви напади во борба со Куба.

    lsd

    Владата на САД тестирала LSD на граѓаните

    Под името „MKULTRA" владата на САД водела истражување на влијанието на хипнозата, изолација, мачење и ефектите на LSD на американски и канадски граѓани, без тие да знаат. За да остане тајна, ЦИА им платила на болниците, затворите и другите институции од кај доаѓале луѓето. На одделот за зависници им било давано хероин во замена за нивната дискреција.

    pr

    ПР компанија организирала лажно сведочење пред Конгресот 

    Во 1990-та 15-годишно девојче од Кувајт сведочела пред американскиот Конгрес дека видела како ирачки војници вадат бебиња од инкубатори и ги фрлале на земја за да умрат. Подоцнежна истрага покажала дека компанијата за односи со јавноста Hill & Knoxlton го организирала ова сведочење за клиентот „Граѓани за слободен Кувајт". Ова сведочење несомнено помогнало во градење на поддршка за Заливската војна.

    Владата на САД продавала оружје на Иран, кршејќи го ембаргото

    Во 1985-та година, администрација на тогашниот претседател на САД, Роналд Реган, продавала оружја на Иран, кршејќи го ембаргото. Со парите од овие зделки, подоцна ги финансирале  антикомунистичките бунтовници во Никарагва. И покрај откривање на оваа ситуација и судењето, останува непознат уделот кој Реган го имал во ова.

       (Денешен Весник)

        27 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 226 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024