Тие медиуми што нема да ја почитуваат листата на забранети зборови ќе ја загубат лиценцата, јавуваат руски медиуми.
Листата е составена од Федералната надзорна агенција за технологија и комуникации (Рооскомнадзор).
Во неа се вметнати „вулгарни термини за машки гениталии, вулгарни термини за женски гениталии, вулгарни термини за сексуални односи и жени со лесен морал како и изведенки од тие зборови".
Сите останати ескплицитни зборови и фрази се дозволени доколку содржината се означи со „возраст-граница" – 16+.
Во Телевизиите и радијата тие зборови ќе може да се користат по 21 часот.
Доколку забранетите зборови бидат забележани во текст, медиумската куќа ќе добие предупредување – две предупредувања во една година веќе ќе значат губење на лиценцата. Листата на Роскомнадзор се појави по законот со кој се забранува користење пцовки во мас-медиумите.
(Денешен Весник)
27 декември 2013