Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:35 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    САД замижаа пред шемата „гас за злато“ на Иран и на Турција (1дел)

    САД замижаа пред шемата „гас за злато" на Иран и на Турција

    Турците од март 2012 година до јули 2013 година директно во Техеран или индиректно преку Обединетите Арапски Емирати извезле злато во вредност од 13 милијарди долари. За возврат добиле ирански гас и нафта. Двете земји искористиле златна дупка во санкциите против Иран, а Вашингтон молчел

    Обама не реагирал зашто Ердоган му е клучен сојузник или зашто сакал да го охрабри Техеран да преговара?

    „ФОРИН ПОЛИСИ" ЗА КОРУПЦИСКИОТ СКАНДАЛ ШТО ЈА ТРЕСЕ ВЛАДАТА НА ЕРДОГАН

    Турската влада е потресена од најтешкиот корупциски скандал во својот децениски мандат. Над дваесет лица, меѓу кои и бизнисмени и синови на министри, се обвинети за различни видови финансиски криминал. Обвинувањата прераснаа во вистинска владина криза неделава, кога тројца министри вмешани во скандалот поднесоа оставки, а еден од нив го повика премиерот Реџеп Таип Ердоган да се повлече. Ердоган смени речиси половина од кабинетот - вкупно 10 министри.

    Корупциската драма особено е фокусирана на две лица. Полицијата во кутии од чевли откри 4,5 милиони долари во домот на Сулејман Аслан, генерален директор на државната Халк банк, и го уапси иранскиот бизнисмен Реза Зараб, кој главно тргува со злато и кој само изминатава година ја надгледувал купопродажбата на злато во вредност од речиси 10 милијарди долари.

    ЗЛАТО ЗА 13 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    Трговијата со злато веќе подолго време е во центарот на контроверзните финансиски врски меѓу Халк банк и Иран. Американски „Волстрит џурнал" уште во 2012 година објави за шемата „гас за злато" на Иран и на Турција. Фондацијата за одбрана на демократиите и „Рубини глобал економикс" на познатиот американски економист Нуриел Рубини во мај 2013 година објавија дека банката користи златна дупка во санкциите на САД и на нивните сојузници против Иран, кои би требало да ги спречат нуклеарните амбиции на Исламската Република.

    Според двете организации, Турците од март 2012 година до јули 2013 година директно во Техеран или индиректно преку Обединетите Арапски Емирати извезле злато во вредност од 13 милијарди долари. За возврат, Турците добиле ирански гас и нафта. Санкциите го спречувале Иран да биде исплатен во долари и во евра. Затоа Турците купувале гас и нафта од Иран во лири, кои наводно ги префрлале на сметки на Халк банка. Иранските трговци со злато потоа пристапувале до сметките и го купувале турското злато, кое потоа било продавано за девизи. 

    Оваа шема „гас за злато" му овозможила на Иран да ги обнови девизните резерви, кои беа погодени од санкциите врз неговиот банкарски систем. Прашањето е зошто Анкара дозволила ваква шема. Турција како членка на НАТО го уверува Вашингтон дека е против нуклеарната програма на Иран, но сепак продолжила да ја спроведува шемата иако администрацијата на Барак Обама ги заостри санкциите против иранската трговија со благородни метали уште во јули 2012 година.

    Турција избрала да ја искористи дупката што технички дозволувала трансфер на милијарди долари во злато на „приватни" субјекти во Иран. Амбасадорот на Иран во Турција неодамна ја пофали Халк банк за мудрите одлуки во изминативе години што одиграле значајна улога во иранско-турските односи. Халк банк инсистира дека нејзината улога во трансакциите е законска.

    ДУПКАТА Е ПОДЗАТВОРЕНА

    Конгресот на САД и претседателот Обама ја затворија златната дупка во јануари 2013 година. Администрацијата на Обама можела да преземе мерки против Халк банк и да ја исклучи од американскиот финансиски систем поради непочитување на санкциите. Наместо тоа, администрацијата лобирала законите за затворање на дупката да не стапат во сила наредните шест месеци, односно до 1 јули, што му овозможило на Иран да натрупа милијарди долари во злато. Администрацијата на Обама тврдеше дека Турција им продава злато само на ирански граѓани и дека тоа не е спротивно на санкциите. Можно е Обама да немал цврсти докази за улогата на иранската влада во трговијата со злато. Но можно е и претседателот на САД да сакал да ги заштити односите со Турција, која ја смета за клучен сојузник во регионот. Во тој период Турција играше клучна улога во конфликтот во Сирија, каде што застана на страната на умерените бунтовници што се борат против силите на претседателот Башар ал Асад. Исто така е можно одлуката да нема толку врска со Турција колку што има врска со Иран. САД можеби замижале во обид да го убедат Иран да почне да преговара за својата нуклеарна програма. За една година, до затворањето на златната дупка во јули годинава, Иран наводно обезбедил злато во вредност од шест милијарди долари. Тоа можеби била подадена рака на американската администрација до Иран, и тоа преку Турција. Се верува дека првите неофицијални преговори за иранската програма почнале уште во јули 2012 година. Во Женева, кога беше постигнат преодниот договор за иранската нуклеарна програма, Техеран доби олеснување на санкциите во вредност од седум милијарди долари. 

     

    Rating: 0.0/0
    Views: 184 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024