Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 0:29 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    САД замижаа пред шемата „гас за злато“ на Иран и на Турција (2дел)

    САД замижаа пред шемата „гас за злато" на Иран и на Турција

     

    СЕ БАРААТ ВИНОВНИЦИ

    Во меѓувреме, како што се одмотува клопчето од корупцискиот скандал во турската влада, премиерот и неговите сојузници тврдат дека се жртви на голем заговор во кој прсти можеби замешале и Израел, Вашингтон или бившиот сојузник на премиерот, умерениот исламски свештеник Фетулах Ѓулен, кој од 1999 година живее во самонаметнат прогон во САД. Турски медиуми посочија оти потсекретарот за тероризам и за финансиско разузнавање на американското министерство за финансии Дејвид Коен бил во Турција кога избил корупцискиот скандал. Ердоган дури и ја посочи можноста за протерување на американскиот амбасадор во Анкара.

    Според „Форин полиси", турската влада сама е виновна за корупцискиот скандал, што, меѓу другото, ги откри и врските на турските политичари со Иран. Турскиот весник „Заман" наведува дека сомнителните трансакции меѓу Турција и Иран може да надминат 119 милијарди долари, односно девет пати повеќе од вредноста на наводната шема „гас за злато". Дури и ако турско-иранската трговија со злато е само дел од пошироката истрага за корупција во турската влада, таа може да постави посериозни прашања за контроверзните односи меѓу Анкара и Техеран и за одлуката на Вашингтон да замижи пред нив, коментираат Џонатан Шнацер и Марк Дубовиц од Фондацијата за одбрана на демократиите во својата статија „Турската златна треска на Иран" во американскиот магазин „Форин полиси".


    Армијата тврди оти останува надвор од политиката

    Турската армија вчера соопшти дека нема да биде вовлечена во политиката во момент кога се продлабочува корупцискиот скандал во владата на Ердоган. 
    Војската се огласи откако советници на Ердоган во колумна во весникот „Стар" ја нагласија можноста скандалот да е заговор за да се предизвика воен удар во државата. Критичарите го обвинуваат турскиот премиер дека со тврдењата за воен удар сака да го одвлече вниманието на јавноста за да спречи нови апсења во истрагата за корупција, наведува Асошиејтед прес.
    Турската армија изврши три воени удари од 1960-ите, но нејзините надлежности ѝ се намалени за време на десетгодишното владеење на Ердоган.


    Се стега обрачот околу синот на Ердоган?

    Синот на турскиот премиер ќе биде следна цел на истрагата за корупција што доведе до голема реконструкција на кабинетот на Ердоган откако тројца министри поднесоа оставки, наведуваат турските весници.
    Тие посочуваат дека жестоката борба меѓу Ердоган и неговиот бивш сојузник што му го сврте грбот Фетулах Ѓулен може уште повеќе да се интензивира како што корупцискиот скандал се приближува до најтесниот круг околу Ердоган. Опозицискиот весник „Џумхуриет" предвидува „земјотрес" зашто сега иследниците се фокусирале на една невладина организација со која е поврзан синот на премиерот, Билал. Според весникот, обвинителите вршат притисок врз полицијата да ги испита тендерите за градење што на невладината организација ѝ ги доделиле градските власти во Истанбул, чиј градоначалник е вмешан во корупцискиот скандал. Градоначалникот на Истанбул и член на партијата на Ердоган минатата недела накратко беше задржан, но подоцна беше ослободен до почетокот на судењето.

     
       (Нова Македонија)
        28 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 199 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024