Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 0:27 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Виетнам ѝ се приклучува на Царинската унија на Русија, Белорусија и Казахстан

    Виетнам ѝ се приклучува на Царинската унија на Русија, Белорусија и Казахстан

    Во 2014 година Виетнам ќе влезе во зоната на слободна трговија со Царинската унија на Русија, Белорусија и Казахстан. Москва и Ханои донесоа конечна одлука за тоа, а договорот ќе биде потпишан наскоро. Подморници од руско производство ќе ги штитат руските и виетнамските инвестиции. Продлабочувањето на интеграциите ќе се одвива во три клучни правци: „мирен атом", експлоатација на нафта и гас и военоиндустриска соработка.
    Vietnam_468

    Русија го зазема 19 место меѓу 100-те држави што инвестираат во Виетнам. Во оваа земја се регистрирани 92 инвестициски програми со вкупна вредност од 1,9 милијарди долари.

    Приклучувањето на Виетнам на зоната на слободна трговија ќе ѝ овозможи на Русија до 2020 година да дојде до промет со стока од 10 милијарди долари. Руската страна пресметала дека минатата година обостраниот промет на стоката изнесувал 3,6 милијарди долари. Според податоците на виетнамската влада, прометот во 2012 година не надминал 2,4 милијарди долари, додека прометот меѓу Виетнам и Кина, на пример, изнесувал 13 милијарди долари. Зоната на слободна трговија предвидува укинување на царинските давачки и количинските ограничувања на прометот на стоки и услуги. Притоа, меѓу земјите што се членки на зоната на слободна трговија се задржуваат царинските граници и секоја од нив може самостојно да го определи режимот на трговија со трети земји.

    Приклучувањето е планирано за 2014 година, а точниот датум не е познат. Продлабочувањето на интеграциите ќе се одвива во три клучни правци: „мирен атом", експлоатација на нафта и гас и военоиндустриска соработка.

    Државната корпорација „Росатом" веќе ја гради првата виетнамска нуклерана електрана во провинцијата Нинтуан. Спогодбата за изградба на нуклеарка беше потпишана во 2010 година. На тендерот учествуваа фабрики од Кина, САД, Јапонија и од Русија. Изборот падна на „Росатом". Планирано е во 2023/24 година да бидат пуштени во погон два блока во Нинтиан. Виетнам од Русија доби осум милијарди долари за покривање на трошоците за изградба на нуклеарна електрана. Шефот на руската државна корпорација, Сергеј Кириенко, вети дека во Виетнам ќе биде изградена „најсигурната и најмодерната атомска централа".

    Во април минатата година „Гаспром" потпиша спогодба за поделба на производството со виетнамската државна компанија „Петровиетнам". Руската фирма добива 49% од гасниот проект на виетнамскиот континентален гребен во Јужното кинеско море. Експлоатацијата на нафта на виетнамскиот континентален гребен ја реализира „Зарубежнефт", кој е создаден врз основа на заеднички проект меѓу СССР и Социјалистичката Република Виетнам.

    „Русија нема комерцијална потреба за индустријализација на виетнамските наоѓалишта, зашто ‘Гаспром’ има резерви за над 30 години", вели аналитичарот на банката УБС Константин Черепанов. Од друга страна, Алексеј Кокин од банката „Уралсиб" смета дека виетнамскиот гас му е потребен на „Гаспром" за да ја засили позицијата на пазарот на течен природен гас. „Сега Гаспром има околу 2% од светскиот пазар на течен природен гас", вели експертот. „Компанијата сака да го зголеми своето присуство на овој пазар и да има сопствени резерви во Азиско-тихоокеанскиот регион, кои подоцна ќе ги пласира на пазарите од регионот". Според мислењето на Кокин, „Гаспром" може во Виетнам да изгради рафинерија за течен природен гас.

    Освен тоа, Русија и Виетнам потпишаа акт за предавање на Виетнам на првата од шесте дизел-електрични подморници од проектот 636 „Варшавјанка". Подморниците ќе станат дел од арсеналот на Воената морнарица на Виетна. Договорот е вреден околу две милијарди долари. Исто така, Виетнам во 2016 и во 2017 година од Руската Федерација ќе добие и два нови патролни брода „Гепард-3.9". Претходно Виетнам за својата воена морнарица веќе купи два „Гепарда".

    „Варшавјанка" до крајот на декември ќе стаса во виетнамското пристаниште Камран, каде што ќе биде создадена база за сервисирање и за ремонт на подморници. „Всушност, станува збор за фактичко враќање на руската флота во Камран по 10-годишна пауза", вели Владимир Колотов, шеф на катедрата за историја на земјите од Далечниот исток на Санктпетербуршкиот државен универзитет.

    Шесте нарачани подморници и враќањето на руските војници во Камран експертите недвосмислено го поврзуваат со територијалните претензии на Кина на дел од архипелагот Спартли и Парацел во Јужното кинеско море. На овие острови на почетокот од деведесеттите години од минатиот век беа пронајдени нафта и гас и оттогаш право на нивно користење имаат Виетнам, Кина, Филипини, Тајван, Малезија, Брунеи, Сингапур и Индонезија. Некои од овие земји на спорните острови веќе ги подигнаа своите национални знамиња. Но, територијалниот судир најмногу се заострува меѓу Виетнам и Кина. Повеќе пати дојде и до вооружени судири.

    На Виетнам Русија му е потребна како противтежа на Кина, смета Илја Усов, виш научен соработник на Рускиот институт за стратегиски истражувања. Освен тоа, базата во Камран ќе ѝ овозможи на Русија мониторинг во стратешки важните подрачја на југоисточна Азија, конкретно во Јужното кинеско море. „Со продажбата на подморници Виетнам си обезбедува заштита на руските и на виетнамските инвестиции", додава Колотов. Продажбата на подморници делумно ќе ја поврати нарушената рамнотежа на сила во југоисточна Азија. „Русија, како и Кина, не е заинтересирана за дестабилизација во овој регион, а засилувањето на воената моќ ќе помогне да се изладат вжештените глави во Пекинг", смета Колотов.

    Стапувањето на Виетнам во зоната на слободна трговија со Царинаската унија е пред сѐ геополитичка игра, смета Усов. „Прометот на стока меѓу Русија и Виетнам е мизерен, така што овој сојуз нема да донесе никаква штета, а може да донесе определена корист, зашто на тој начин Русија ќе му покаже на целиот свет дека не отстапува од светскиот тренд и дека ја продлабочува економската интеграција", вели Усов. Руската Федерација преку Виетнам ќе го прошири пласманот на свои производи и ќе излезе на пазарот во зоната на слободна трговија меѓу десет членки на Асоцијацијата на земјите од југоисточна Азија (ASEAN) и Кина, а тоа се две милијарди потрошувачи, објаснува Колотов.

       (Руска реч, Денешен Весник)

        28 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 184 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024