Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-11-22, 3:13 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Теории на заговор што се покажале вистинити

    Теории на заговор што се покажале вистинити

    Без разлика дали се сметате за скептици или за наивни, сигурно во некој момент од животот сте наишле на некоја теорија на заговор што ве заинтересирала.

    Ги има приближно колку што има луѓе со фантазија во светот, а некои од нив се толку прецизно разработени што успеваат да ги навлечат и обичните луѓе. Сепак, поголем број луѓе здраворазумно ќе одмавнат на повеќето од нив, сметајќи дека во нивните животи има поважни работи од грижата за тајното систематско труење од воздух или пак дека најбогатите луѓе се и рептили со светлечки очи.

    Сепак, на страницата Криминал џастис дигри хаб, која е посветена на изучување на правото, била објавена графика што ги прикажува теориите на заговор поврзани со американската влада за кои на крајот било утврдено дека се вистинити. Еве кои се:

     

    Пиштол за срцев удар

    Теорија: Владата измислила пиштол што може да предизвика срцев удар.

    Вистина: ЦИА во 60-тите и 70-тите години смислила тајно оружје. Од него можела да се испука мала отровна стрелка што предизвикувала срцев удар. Таа можела да ја пробие облеката и зад себе да не остави никаква трага освен црвена точка на кожата. Жртвата би имала чувство како да ја каснал комарец. Отровот бил брзо разградлив, па не можело да се открие на обдукција.

    Операција Дрозд

    Теорија: ЦИА ги шпионира американските новинари и ги контролира медиумите.

    Вистина: Операцијата Дрозд била операција на ЦИА во која се шпионирале новинарите во Вашингтон во 1963, 1972 и 1973 година. Им биле прислушувани телефоните и се следело нивното движење. Освен тоа, им било плаќано да пишуваат позитивни написи за ЦИА. Барем одреден дел од операцијата бил изведен во соработка со главниот јавен обвинител, Министерството за одбрана и со шефот на ДИА (воената разузнавачка агенција).

    Затруен алкохол

    Теорија: ФБИ го труел алкохолот за време на прохибицијата.

    Вистина: Бидејќи луѓето наоѓале начини самите да направат алкохолни пијалаци, владата ја сменила формулата на индустрискиот алкохол. Било задолжително 10 отсто од производот да биде отровниот метил алкохол.

    Фатална вакцина

    Теорија: Вирусот што го предизвикува ракот луѓето го добиле преку заразена вакцина против детска парализа.

    Вистина: Овој вирус е поврзан со многу видови рак (иако не е 100 отсто докажано дека тој го предизвикува). Набргу по откривањето на вирусот, научниците откриле дека со него била заразена вакцината. Се проценува дека 10 до 30 милиони луѓе биле изложени на овој вирус по добивањето на вакцината. Повеќе од 98 милиони луѓе ја добиле вакцината пред да откријат дека е контаминирана.

    Геј-бомби

    Теорија: Војската се обидела да направи бомба што непријателските војници би ги направила „сексуално неодоливи" за нивните колеги.

    Вистина: Во 1994 година американските воздухопловни сили ја разгледувале можноста за употреба на феромони во оружјето. На предлогот му биле одобрени шест години и 7,5 милиони долари, и требало да се открие дали е можно женските феромони да предизвикаат биолошка реакција меѓу војниците. На војниците што би биле под влијание нивните соборци би им биле „сексуално неодоливи", што потенцијално би довело до хомосексуално однесување. Привлечноста што би била надвор од контрола би ги направила војниците помалку ефикасни во борба.

       (МКД)

        28 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 209 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024