СССР и САД воделе Студена војна за оружје за контрола на човековите мисли!
Советскиот сојуз и САД во текот на Студената војна воделе трка во вооружувањето и на неконвенционален начин со намера да развие средства за контрола на мислите
Од 1917 до 2003 година СССР вложил околу милијарда долари во развивање на оружје за контрола на мислите натпреварувајќи се со слични програми на САД, се открива во извештајот на Сергеј Кернбах од Центарот за напредна роботика и еколошки науки во Штутгард.
Истражувањето е засновано на руските технички часописи и од документите објавени неодамна за програмата на „психотроника" со кои Советите користеле одредени методи со кои би се манипулирало со човечкиот мозок и за тоа како „човековата енергија" може да влијае на другите објекти.
„Ако се направи генератор како треба ќе може да се акумулира бионергија од сите живи организми-животни, билки, луѓе и потоа да се пренесе", пишува во написот.
Психотроничната програма, позната во САД и како „парапсихологија" вклучува неконвенционално истражување на контролата на умот и влијание на далечина.
Советската програма на психотроника е слична на американската контроверзна програма МК-УЛТРА која ЦИА ја развиваше 20 години.
Научниците во таа програма ја истражувале можноста на манипулација на човековиот ум со менување на мозочните функции со помош на електромагнетните бранови што довело да развој на психотроничко оружје.
(Нова Македонија)
29 декември 2013