Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:57 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Грција од денеска го презема претседавањето со ЕУ

    Грција од денеска го презема претседавањето со ЕУ

     
    Атина за трошоците од своето раководење одреди рекордно низок буџет од само 50 милиони евра

    Грција од денеска го презема шестмесечното претседавање со ЕУ со скромен буџет и уште поскромни очекувања.

    Свесни дека многумина во Унијата ги гледаат како нација која поради задолженост и корупција ги повлекла останатите во економска и финансиска криза, Грците ветуваат дека нивното претседавање ќе биде „спартанско", пренесува Танјуг.

    Атина за трошоците од своето раководење одреди рекордно низок буџет од само 50 милиони евра, што е 10 милиони помалку од Ирска, која и го предаде претседавањето.

    За да покаже сериозност, грчкиот премиер Антонис Самарас неодамна го смени шефот на протоколот за претседавањето, штом се откри дека тој планирал да потроши дури 125.000 евра за свилени вратоврски и марами, кои како подарок сакал да им ги даде на европските функционери и дипломати за време на инаугурацијата.

    Драстично е намален и бројот на службеници во грчката мисија при ЕУ, со воведување забрани за вработување на нови.

    За време на грчкото претседавање не се очекуваат значајни пресврти во внатрешната и надворешната политика на ЕУ, а поголем дел од мандатот ќе помине во знак на изборите за Европскиот парламент, кои треба да се одржат во април следната година.

    За разлика од сите останати претседавачи во последните неколку години, Грците не го ставиле проширувањето на Унијата во својата програма на приоритети.

    Неофицијално, грчките дипломати ова изоставување на проширувањето го објаснуваат со долгогодишните спорови кои таа земја ги има со Македонија, за името, и со Турција, за Кипар.

    -Доколу проширувањето биде ставено на листата на приоритети, тоа имплицитно ќе не обврзе да ја прекинеме блокадата на преговорите за членство со Македонија и Турција, а ние засега не сме подготвени за тоа, изјави грчки функционер за Танјуг, кој сакал да остане анонимен, додавајќи дека поддршката за Србија никогаш не била ставена под знак прашалник. 
     
       (Утрински Весник)
        1 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 283 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024