Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:35 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Без оглед на соседите

    Без оглед на соседите

    Александар Лукашенко ја санкционираше изградбата на првиот енергетски блок на Белоруската нуклеарната електрана.
    Без оглед на соседите
     

    Подготвителните работи за Островецката нуклеарна електрана во Белорусија се завршени, така што сега останува изградбата на самите енергетски блокови. По тој повод шефот на државата Александар Лукашенко издаде специјален указ, со кој на генералниот изведувач, руската фирма „Атомстројекспорт", му се овозможува да започне со изградба на Белоруската нуклеарна електрана. 

    Станува збор за изградба на два енергетски блока со реактори ВВЭР-1200 во Гроденденската област, во непосредна близина на границата со Литванија, со вкупна можност од 2.4 илјади мегавати. Проектантот на нуклеарната електрана е исто така од Русија, а тоа е Санктпетербуршкиот институт „Атоменергопроект". Првиот блок на нуклеарната електрана, според првичните планови, треба да влезе во употреба во 2017 година, а вториот, пак, во 2018. За изградба на нуклеарната централа Русија ѝ додели повластен кредит на Белорусија во износ од десет милијарди американски долари со рок на исплата од 25 години.  

    Според Семашко, изградбата на атомската централа во Гродненската област е диктирана од неопходноста да се намали зависноста на Белорусија од еден енергенс (природниот гас) и со тоа да го повиши степенот на националната енергетска безбедност.

    Претседателскиот указ означува дека од тој момент генералниот изведувач може да пристапи кон работата на основната етапа. За тоа дека ваквиот потег е очекуван и дека за него се подготвувале, ни раскажа претседателот на Островецкиот реонски извршен комитет Адам Коваљко. Во својот настап во Националното собрание на Република Белорусија, тој соопшти дека веднаш штом претседателот Лукашенко ќе го потпише соодветниот указ, „официјално ќе започнат работите за изградба на нуклеарната електрана". 

    А, подготвителните работи, според неговите изјави, „се речиси 100% завршени". Во моментов на објектот работат 1.500 градежници, а до крајот на годината нивниот број е планирано да се зголеми на три илјади. Се очекува дека обемот на финансирање во 2014 година ќе порасне во однос на моменталниот за 3 до 3.5 пати и ќе достигне 10 трилиони белоруски рубли (околу една милијарда американски долари). 

    Според информациите од Санктпетербуршкиот институт „Атоменергопроект", од ноември минатата година на нарачателот му се предадени „неколку десетици папки со документи" за архитектонски, конструкциско-плански решенија за Белоруската атомска електрана и за технологии за обезбедување на заштита од пожар. Агенцијата Nuclear.Ru соопштува дека е обезбедена во целосен обем проектната и дополнителна документација за покривањето со прв бетон во реакторскиот блок број 1, што овозможува отпочнување армирање на темелите и поставување цевки во неколку згради на нуклеарната електрана веднаш по добивањето лиценца за изградба на атомска централа од страна на белоруските надзорни органи. 

    Како што официјално известува службата за односи со јавноста на претседателот на Белорусија, ваквата лиценца која овозможува дејност во областа на користење на атомска енергија „Дирекцијата за изградба на атомски централи" веќе ја има добиено.

    Во меѓувреме 

    Минск не ги прифаќа жалбите на Литванија, според кои се утврдува нарушување на Конвенцијата за оценка на дејството врз природната средина во трансграничен контекст со започнувањето на изградбата на Белоруската атомска централа во Гродненската област. Ова го изјави вице-премиерот на земјата Владимир Семашко на Белорускиот енергетски и еколошки конгрес. Притоа тој призна дека помеѓу Вилнус и Минск постојат разлики во врска со ова прашање. Според Семашко, на Литванија „ѝ се чини дека ние сакаме да изградиме станица која е многу близу до границата".

    Всушност Вилнус тврди дека Белорусија и Русија разработуваат проект за изградба на Островецката атомска централа без да ја спроведат процедурата за оценка на влијанието на овој објект врз природната средина, како што е пропишано во Конвенцијата за оценка на дејството врз природната средина во трансграничен контекст. Но, Минск си стои на своето: „Ние ги добивме сите согласности и поминавме низ сите јавни дебати, кои можете да си ги замислите, - изјавува Семашко. –Последниот пат ја повикавме литванската јавност на нашата територија и одговоривме на сите можни прашања". 

    Белорусија, увери вице-премиерот, во целосен обем ги исполнува барањата на Меѓународната агенција за атомска енергија, а потврда за тоа се експертите од мисијата на организацијата кои работеа во земјата. Според Семашко, изградбата на атомската централа во Гродненската област е диктирана од неопходноста да се намали зависноста на Белорусија од еден енергенс (природниот гас) и со тоа да го повиши степенот на националната енергетска безбедност.

       (Руска реч)

        1 јануари 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 192 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024