Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:17 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    На Куба одбележани 55 години од револуција

    На Куба одбележани 55 години од револуција

    Во пристаништето Сантјаго на Куба, денеска е одбележана 55-годишнината од кубанската револуција, а на собирот претседателот Раул Кастро предупреди дека земјата се соочува со идеолошко и политичко уривање на социјалистичкиот систем, пренесува МИА

     
    -Светските центри на моќ перфидно ги воведуваат на Куба неолибералниот и неоколонијалниот начин на размислување, посочи Кастро, додавајќи дека тој е убеден оти Куба од таквата ситуација ќе излезе како победник.

    Кубанскиот претседател одржа говор на истото место на кое неговиот брат и поранешен лидер Фидел Кастро, во 1959 година прогласи победа над диктатурата на Фулгенси Батиста.

    Раул Кастро во говорот повтори дека Куба ќе го брани своето право на самоопределување и националниот суверенитет и  нема да се заборави дека социјалистичката револуција била спроведена поради сиромашните граѓани.

    Тој посочи дека треба да се вложат напори за усовршување и продлабочување на демократијата на Куба односно народот да се консултира при донесување на сите значајни одлуки.
     
       (Нова Македонија)
        2 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 238 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024