Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 2:08 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ВО 2013 ВО ШПАНИJА СЕ ЗАТВОРЕНИ 73 МЕДИУМИ НЕ Е ДИКТАТУРА, ТУКУ КРИЗА

    ВО 2013 ВО ШПАНИJА СЕ ЗАТВОРЕНИ 73 МЕДИУМИ

    НЕ Е ДИКТАТУРА, ТУКУ КРИЗА

     

    Пред една недела престана да постои печатеното издание на шпанскиот весник „Ла Газета" (La Gaceta). Раководството на весникот се решило за ваков чекор поради економската криза во Шпанија. Според портпаролот во овој медиум, во кој се вработени околу шеесетина луѓе, печатеното издание морало да биде укинато, но „вестите ќе продолжат да се објавуваат, само во електронска форма". Првите луѓе засега немаат одлучено како сето ова ќе влијае на новинарите и на другите вработени. Инаку, овој конзервативен весник е основан во 1989 година. Но, економската криза во Шпанија не го згасна само овој медиум. Изминатата 2013 година, според податоците на новинарската асоцијација во Мадрид, АПМ, затворени се 73 гласила, а укинати се 4.434 работни места. 

    Нема драма

    Од почетокот на кризата во 2008 година престанале да работат 284 медиуми, а затворени се 11.151 работни позиции. Следната 2009 година укинати се 10.500 работни места.

    Пред само еден месец, на почетокот од декември, беа укинати и државната новинска агенција во Русија „РИА новости" и меѓународната радиостаница „Гласот на Русија" во Kремљ од слични причини како во Шпанија. Претседателот Владимир Путин донел декрет, со кој објавува дека овие два медиума се укинуваат. Шефот на администрацијата на Kремљ, Сергеј Иванов, им објаснил на новинарите во Москва дека новинската агенција ќе се реструктуира во нова наречена „Русија денес", со цел создавање поекономична и поефективна агенција. 

    -Новата агенција треба да овозможи порационално трошење на јавните пари и да биде поефективна - рекол Иванов. 

    Интересно е што информациите за затворање на медиумите во овие земји не предизвикаа посебни драматични реакции ниту кај новинарите ниту кај пошироката јавност во овие земји. Исклучок се опозиционерите во Русија, кои за некои американски медиуми го критикуваа потегот на Путин како обид за враќање на „владеењето на минатиот систем" и оти на овој начин „создава медиумска машинерија во сопствена корист". Не се слушнаа реакции, барем во однос на последните згаснувања на „Ла Газета" и на „РИА новости" ниту од претставничката на ОБСЕ за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ. 

    Што ако се случеше во Македонија?

    Ако ги споредиме реакциите, конкретно на Мијатовиќ, во однос на медиумските случувања, на пример, на Балканот и оние во Русија, Велика Британија, Шпанија, разликите се очигледни. Kолку за илустрација, на интернет-страницата на ОБСЕ минатиот месец доминираат соопштенија за реакции на Мијатовиќ, кои се однесуваат на претепаната новинарка во Украина, на бомбашкиот напад во црногорскиот весник „Вести" (главниот уредник на весникот посочи на властите, кои во моментов преговараат со ЕУ), потоа за случаите во Србија, Таџикистан, итн. Реагирала за состојбите во Русија во два наврата. Еднаш за да изрази „задоволство оти е зад решетки нарачателот на убиството на новинарот на „Новаја Газета", Игор Домников, во 2000 година. Вториот пат, според соопштението од ОБСЕ, на 20 декември кога не се согласува со предложените амандмани на рускиот закон за информирање оти стравува дека со нивното прифаќање е можно ограничување на слободата на медиумите. Но никаде нема критика за затворените медиуми. Нејзините реакции во однос на медиумските случувања во помоќните и поголеми земји се поблаги, па дури и изостануваат.

    ГЛЕН ГРИВАЛД

    БРИТАНСКИТЕ И АМЕРИКАНСКИТЕ МЕДИУМИ СЕ ЛОЈАЛНИ СЛУГИ НА ВЛАСТИТЕ

    Дека во светски најмоќните земји медиумската слобода е далеку од онаа каква што треба да биде во врвните демократските општества, призна и Глен Гринвалд, новинарот од „Гардијан", заслужен за објавување низа документи од НСА во координација со Едвард Сноуден. На една неодамнешна комуникациска конференција во Германија изјави оти медиумите во Британија и во САД се лојални слуги на властите. 

    -Знаевме дека еден од нашите најголеми непријатели ќе биде, не агенцијата, чија работа ја разоткриваме, туку нивните лојални слуги, кои во САД и во Британија се нарекуваат медиуми - рече Гринвалд. Според него, оваа борба зависи од храбрите новинари кои се подготвени често да се судираат со силен противник.

    Искра Kоровешовска

       (Дневник)

       5 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 223 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024