Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 0:56 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ДОДЕКА УГЛЕДОТ НА САД ВРТОГЛАВО ПАЃА НСА ЌЕ ШПИОНИРА СО СУПЕРКОМПЈУТЕР

    ДОДЕКА УГЛЕДОТ НА САД ВРТОГЛАВО ПАЃА

    НСА ЌЕ ШПИОНИРА СО СУПЕРКОМПЈУТЕР

     

    Американската Национална безбедносна агенција (НСА) работи на создавање квантен компјутер, кој би бил во состојба да ги дешифрира речиси сите кодови за заштита, без разлика дали се тие наменети за заштита на шпионските програми на други држави или за банкарски сметки на граѓаните, пренесува онлајн-изданието на „Вашингтон пост", повикувајќи се на документи од поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден.

    Универзален дешифратор

    Според весникот, НСА со суперкомпјутерот сака да си обезбеди широк пристап до банкарски, здравствени, владини и економски мрежи. Развојот на ваквиот компјутер е дел од истражувачката програма „Влез во цврсти цели", тешка околу 80 милиони долари. Детали за програмата, пред с`, за тоа до каде е стигнато со неа, не се познати. Неколку невладини организации исто така се обидуваат да развијат квантни компјутери и засега не е јасно дали програмата на НСА заостанува зад тие обиди или е многу пред нив. 

    Kвантен компјутер важи за многу посилен и побрз од нормален дигитален компјутер. НСА во развојот на ваков компјутер е во трка „рамо до рамо" со истражувачки проекти поддржани од ЕУ и од Швајцарија, се вели во извештајот на „Вашингтон пост".

    Во почетокот на неделава весниците „Њујорк тајмс" и „Гардијан" од американската влада побараа помилување на Сноуден, кој има руски азил. Тие во централните текстови бараат од Белата куќа да му овозможи безбедно враќање дома на компјутерскиот специјалист. За своите „енормно вредни" откритија Сноуден заслужи повеќе од тоа да живее трајно во егзил, се вели во весниците. 

    САД најголема закана за мирот во светот

    Иднината на Сноуден, кој во Русија е од јули 2013 година, е с` уште неизвесна. Неговиот азил истекува летово. Во почетокот на ноември САД го отфрлија барањето на Сноуден за помилување. Тој треба да биде изведен пред суд, а ако биде осуден, му се заканува долгогодишна затворска казна.

    Во меѓувреме, истражувањето на јавното мислење спроведено во 68 земји покажува дека четвртина од испитаниците сметаат дека САД во 2013 година биле најголемата закана за мирот во светот.

    Резултатите од анкетата што ја спровеле Светската независна мрежа и американската агенција „Галуп" покажуваат дека антиамериканското расположение е присутно не само во земјите-противници на САД, туку и во земјите-партнери во рамките на НАТО, како што се Турција и Грција, објави „Раша тудеј". Дури 24 отсто од испитаниците сметаат дека САД претставувале најголема опасност за мирот во светот во 2013 година, а следуваат Пакистан со 8 отсто од гласовите и Kина со 6 отсто од гласовите. На четвртото место со 5 отсто од гласовите се Авганистан, Иран, Израел и Северна Kореја. Истражувањето покажало и дека САД ги сметаат за најголема закана за мирот не само на Блискиот Исток и Северна Африка, области погодени од американските воени интервенции, туку и во самата Америка, каде што такво мислење имаат дури 13 отсто од граѓаните.

    (да не бидеме наивни)

     

       Дневник

       5 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 222 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024