Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:13 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Од австралиското небо паѓаа 100.000 мртви лилјаци

    Од австралиското небо паѓаа 100.000 мртви лилјаци

    Топлиот бран кој ја зафати Австралија, предизвика вистински „дожд" од мртви лилјаци во неколку градови на североистокот на земјата

     

    Според пишувањето на британски „Телеграф", околу 100.000 лилјаци паднале и починале на дрвјата и на земјата, ширејќи неподнослива миризба.

    -Штом живата на термометарот надмине 43 степени, лилјаците започнуваат да паѓаат од небото - изјави претставничката на локалната организација за заштита на диви животни.

    Здравствените работници ги предупредуваат жителите да не го допираат лилјаците, поради опасност од зарази.

    -Многу е важно да не се поминува и да не се допираат животните, поради опасност од беснило - наведе таа, додавајќи дека неколку лица здобиле гребаници и биле гризнати од лилјаците. Властите испратија специјални екипи за да ги соберат животните.

       (Нова Македонија)

        8 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 214 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024