Топлото време ги збуни и мечките!
Топлото време во средна Европа ќе се задржи според прогнозите на метеоролозите, уште неколку дена, а на средината на месецов се очекува многу студен бран
Невообичаено топло, речиси пролетно време во јануари ги разбуди мечките од зимскиот сон, во Словачка и Полска, додека во Чешка пчелите започнаа да летаат. Дел и од растенијата почнаа да цветаат.
Минатиот викенд една мечка нападнала еден словечки шумар, го гризнала за нога, па тој завршил во болница.
Чесите се соочуваат со температури од 13 степени, кои ги примамија пчелите.
Пролетта во јануари, во Европа, ќе се задржи уште неколку дена, а на средината на месецов се очекуваа студен бран.
(Нова Македонија)
8 јануари 2014