"Сакавме да направиме поларен експеримент на мала територија, да не станува збор за остров, но сепак да не ги зафатиме другите околни земји. Станува збор за нешто како фокусирана енергија, само во овој случај фокусиран студ. Сакавме да видиме дали животот ќе биде возможен доколку ја спуштиме температурата до -62 степени целзиусови, и како луѓето ќе реагираат во такви ситуации. Изборот, логично, падна на Србија. Меѓутоа, кога ги одредивме координатите и ги пуштивме апаратите, нешто тргна наопаку. Наместо да замрзне Белград и околината, поларниот студ дојде во САД”, вели извор од техничката служба на HAARP.
Според неговите зборови, инженерите се’ уште не можат да го лоцираат дефектот, а уште помалку да го поправат. Во меѓувреме, поларниот вител дивее во северниот дел на САД и се шири кон југ, додека во некои краеви температурата изнесува -50 степени. Американците стравуваат дека ќе завршат како диносаурусите, а многу институции се затворени.
"Се’ тргна според Марфиевиот закон. Не знаеме за што станува збор. Пресметките беа точни, тука нема дилеми. На системот работеше нашиот најдобар физичар Стивен Попович. Меѓу вработените во HAARP се шири паника, бидејќи ни преостанува уште малку време. Некои веруваат дека станува збор за Штитот на Тесла и дека не требаше да ја одбереме баш Србија”, истакнува соговорникот.
Вашингтон бил алармиран, бара итна истрага, но пред тоа треба да се запре невремето. Има и наредба која вели дека доколку не запре невремето, војската да го минира целото подрачје на HAARP.
"Меѓутоа, ние научниците не сме баш убедени дека тоа ќе ги отстрани последиците. Можно е тие да станат трајни и САД да се претвори во санта мраз, па на Флорида да се населат фоки и поларни мечки”, наведува соговорникот.
http://youtu.be/jcmMtUb0mh8
(Денешен Весник)
8 јануари 2014