Хеликоптер на Воено воздухопловство на САД се урна денеска во водите на Атлантскиот Океан во близина на брегот на американската сојузна држава Вирџинија.
Крајбрежната стража спасила четворица од петте лица кои биле во хеликоптерот. Спасувачите продолжуваат да трагаат по петтиот член на екипажот.
Причините за падот на хеликоптерот од типот МН-53-ЕНЕ не се познати.
Американски воен хеликоптер се урна и синоќа во источна Англија, при што загинаа сите четворица членови на екипажот.
Хеликоптерот „Пејв Хоук" полетал од британска воена база „Лејкахит" и се урнал во северниот брег на Норфлок, на околу 200 километри североисточно од Лондон.
(Дневник)
8 јануари 2014