Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:36 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ФОТО: Во Скандинавија испливуваа мртви крави

    ФОТО: Во Скандинавија испливуваа мртви крави

    Водата исфрли лешеви на 12 крави на плажите во Данска и Шведска

     

    Шетачите на плажите на југот на Шведска од 29 декември пронашле осум мртви крави, а во Данска три. На сите животни им биле отсечени ушите. Истражителите претпоставуваат дека тоа е направено за да се тргнат идентификационите ознаки кои се користат за да им се влезе во трага на кравите.

    Данската и шведската полиција денеска соопштија дека кравите веројатно се фрлени од некој брод во Балтичкото море. Тие сега се обидуваат да утврдат кои транспортни бродови со стока поминале низ водите на овие две земји во изминатите неколку недели.

     Фрлањето стока на таков начин, забрането е во овие две земји. Не е јасно дали кравите се фрлени од брод во данските, шведските или меѓународните води.

    На некои од кравите, нозете им биле врзани со сино јаже, најверојатно за да можат да се кренат со кран.

    Шведските ветеринари не пронашле траги од болест кај животните кои биле исфрлени од водата во Шведска.
    Полицијата верува дека се работи за црно-бели холштајнски крави.

       (Нова Македонија)

        9 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 227 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024