Според тврдењата на тамошните медиуми, 87 годишниот Кастро се појави вчера на отварањето на едно уметничко студио во Хавана. На еден сајт објавена е и фотографија од отварањето, но на која не се гледа лицето на Кастро.
На таа фотографија, седокосиот Кастро, е насликан од зад грб, додека покажува со прст на еден костим, а уметникот Алексис Лејва, разговара со него. Тоа е прво појавување на Кастро во јавноста откако на осми април присуствуваше на отварањето на една школа во Хавана. Кастро ја водеше Куба 48 години пред неговото разболување во јули 2006 година, кога ја предаде власта на неговиот брат Раул, кој официјално стана претседател од јануари 2008 година.
(Нова Македонија)
9 јануари 2014