Според предложениот нацрт, станува збор за скулптура висока 2,1 метри на која сатаната е претставена во облик на Бафомет, односно човечка фигура со глава на брадолик јарец кој седи на трон под пентаграм, а покрај него се наоѓаат и фигури на две насмевнати деца.
Групата одговорна за предложениот споменик, Сатанистичкиот храм со седиште во Њујорк, побара дозвола по бурните реакции на јавноста поради изградбата на статуата на Десетте Божји заповеди.
Освен што ќе ја претставува Сатанистичката религија, споменикот ќе има и функционална цел, како клупа на која ќе можат луѓето да седат во скутот на Сатаната за да добијат инспирација - рече претставникот на Сатанистичкиот храм, Лусијен Гривс.
Освен оваа група и многу други побараа свои споменици, вклучувајќи ги хедонистите, групата борци за права на животните.
Поради преголемиот број на барања, Комисијата за зачувување на Капитол Хил во Оклахома, издаде мораториум на новите барања.
(да се знае...)