Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:27 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    РУСКАТА И ЦАРИГРАДСКАТА ЦРКВА ЗАВОЈУВАА ЗА ЧЕШКИТЕ ПРАВОСЛАВЦИ

    РУСКАТА И ЦАРИГРАДСКАТА ЦРКВА ЗАВОЈУВАА ЗА ЧЕШКИТЕ ПРАВОСЛАВЦИ

    Укинувањето на автокефалниот статус и ставањето шизма е закана што вселенскиот патријарх Вартоломеј ~ ја упатил на православната црква на чешките земји и на Словачка поради начинот на избор на новиот поглавар на најмладата православна црква во светот. Спорно било тоа што по серија внатрешни конфликти на чело на оваа верска заедница застанал митрополит Ростислав кого силно го поддржува Руската православна црква наспроти противењето на Вселенската патријаршија. 

    -Неодложно да се пристапи кон изборот на новиот поглавар за да се одбегне шизмата. Во спротивен случај не се исклучува можноста за отповикување на автокефалијата на црквата како неспособна за самостојно и зрело управување – се наведува во предупредувачкото писмо на патријархот Вратоломеј.

    Писмото на патријархот Вартоломеј е адресирано до намесникот на архиепископскиот трон, архиепископ Симеон. Во острото писмо тој го оспорува решението на Чешко-словачкиот синод, со кое беа одземени намеснички права на архиепископ Симеон и наведува дека на заседанието на Синодот бесправно биле поканети претставници на Московската патријаршија. Во таа пригода на чело на црквата е избран архиепископот Ростислав.

    Патријархот Вартоломеј укажува дека синодскиот систем не работи правилно во таа православна црква и укажува дека се на прагот на расколот и на распадот.

    Според грчкиот информативен портал „Догма", на заседанието се случил вербален конфликт помеѓу претставниците на Цариградската и на Московската патријаршија. Во таа пригода по покана на Симеон во својство на посматрачи биле митрополит Емануил и австралискиот митрополит Арсениј.

    -Среде дискусии на седница влегол волоколамскиот митрополит Иларион Алфеев, кој е на чело на одделот за надворешни работи на РПЦ. Цариградскиот митрополит Емануил го запрашал: „Што барате тука", а овој одговорил: „Исто што и вие", наведува порталот „Догма". РПЦ испратила и писмо во кое соопштува дека застанува зад отстранувањето на архиепископот Симеон. Намесникот архиепископ Симеон е обвинет дека со дејствијата не дозволува да биде избран новиот чешки архиепископ. Тој, пак, не го признава решението на Синодот, кој има четири члена и објави дека тие епископи се шизматици. 

    Друг владика на Цариградската патријаршија, халкидонскиот митрополит Анастасиј, неодамна во едно свое интервју ја обвини Руската православна црква за хегемонизам и за настојување дека сака да оствари превласт во Полска и во Чешка.

    Бранко ЃорЃевски

    (да се знае што прават... да не ги именувам)

        (Дневник)

         9 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 255 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024