Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 2:24 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Ново-стара теорија: Маршалот Тито бил полубратот на вистинскиот Јосип Броз!?

    Ново-стара теорија: Маршалот Тито бил полубратот на вистинскиот Јосип Броз!?

    Тито, поранешниот југословенски претседател не бил Јосип Броз, кој е роден во Кумровец 1892 година, туку неговиот една година постар полубрат, е новата од низата теории на заговор поврзана со потеклото на водачот на некогашна СФРЈ

     
    Мајката на Броз Марија Јавершек, која била Словенка од Подсред, работела во Виена како слугинка кај богатиот полски Евреин Самуел Мајер, сопственик на фабрика за медицински протези. Од нивната љубовна врска на 7 мај 1881 година се родил синот Јошуа (Франц) Амброз Мајер. 

    Јошуа израснал во царска Виена и се образувал  во најдобрите училишта на германски јазик. Завршил музичко училиште како одличен пијанист, кој добро ги изведувал делата на Верди и Шопен во своето одделение. 

    Образованието го продолжил во Австриско царската воена академија во Унгарија во истото одделение со идниот водач на Третиот Рајх Адолф Хитлер!

    Марија Јавершек во меѓувреме се вратила на сопругот во Кумровец. Вистинскиот Јосип Броз се родил на 21 мај 1892 година. Бил  дете на Марија и Фрање Броз, селски работник во Кумровец. 
    Јосип бил момче со помал стас и со умерени интелектуални можности, а по четири години школување бил испратен во Сисак да учи браварски занает. Еден од неговите колеги Нико Ивчиќ, тврдел дека Броз изгубил еден прст на машината. По војната 1945  Тито дошол во Сисак, Ивчиќ пред сведоци се ракувал со него и му рекол: „Ти не си Јосип броз", затоа што човекот што се претставувал како Тито ги имал сите прсти. По оваа сцена ОЗНА го мачела Ивчиќ, а потоа и го убиле. 

    Јосип Броз бил мобилизиран во 1914 година во австроунгарската војска и истата година и загинал. Неговиот идентитет тогаш, наводно, го преземал неговиот полубрат поради конспирација од  комунистичката партија. Јошуа Амброз Мајер го земал идентитетот на Јосип Броз Тито. Тој во 1914 година во Будимпешта го освоил сребрениот медал во првенството на австро-унгарската војска во мечување, а не вистинскиот Јосип Броз. 

    Мајер, под идентитетот на Тито, бил мобилизиран во австро-унгарската војска и испратен на источниот фронт. Руските војници го рануваат и заробуваат во Буковина 1915 година. Минал 13 месеци во заробеништво. Успеал да побегне 1917 година и се придружил на Интернационалната црвена армија во Омск.
     
       (Нова Македонија)
        10 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 229 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024