Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 2:41 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ВОЈНА ЗА НАФТАТА ВО ЏАМАХИРИЈА ЛИБИСКАТА МОРНАРИЦА ЌЕ ГИ ПОТОПУВА СТРАНСКИТЕ ТАНКЕРИ

    ВОЈНА ЗА НАФТАТА ВО ЏАМАХИРИЈА

    ЛИБИСКАТА МОРНАРИЦА ЌЕ ГИ ПОТОПУВА СТРАНСКИТЕ ТАНКЕРИ

     

    Либискиот премиер Али Зеидан изјави завчера дека Либија би можела да почне да ги потопува странските танкери ако тие им се доближат на источните либиски нафтени пристаништа, кои и понатаму се наоѓаат под окупација на милитантите и вооружените сепаратисти, јави „Либија хералд".

    -Секоја држава, секоја компанија или банда што ќе се обиде да испрати танкери да преземат нафта од окупираните пристаништа без координација со либиската државна нафтена компанија НОЦ, ќе се соочат со нас, дури и ако е потребно, ќе бидат уништени и потопени. Ги предупредуваме сите држави. Нема да има милост - изјавил Зеидан. 

    Kлиенти има

    За потсетување, значителен број нафтени пристаништа се надвор од контролата на централните власти подолго од шест месеци, особено на истокот од земјата каде што сепаратистите ја имаат контролата. Таму се пристаништата Рас Лануф, Ес Сидер и Зуеитина, чиј вкупен капацитет за извоз е околу 600.000 барели нафта дневно. 

    Kоментарот на Зеидан доаѓа откако минатиот викенд либиската морнарица испука неколку предупредувачки истрели кон танкерот „Баку" што пловел под малтешко знаме и кој се обидел да се закотви во блокираното пристаниште Сидер, но сопствениците на танкерот тврдат дека либиската морнарица пукала во нив во меѓународни води. Цената на нафтата завчера веднаш се зголеми на 107 долари за барел по изјавата на либискиот премиер.

    Преговорите меѓу Триполи и сепаратистите пропаднаа - источните федералисти, кои основаа и сопствена влада во покраината Kиренаика и бараат поголема автономија од Триполи, порачаа дека ќе ја продаваат нафтата на светскиот пазар без оглед на Триполи. Ако дојде до тоа, Триполи навистина ќе биде принуден да употреби сила, но ако навистина дојде до напади на меѓународните танкери, тоа би можело да биде увертира во нова напната ситуација за Либија. Аналитичарите сметаат дека сепаратистите тешко ќе најдат клиенти зашто тоа во суштина би било нелегално, но, од друга страна, Зеидан не се заканува со потопување танкери без причина. Очигледно постојат компании што се спремни на бизнис со новите либиски бунтовници. Либискиот министер за нафта Абделбари Аруси истакна во разговор за „Ројтерс" дека Либија ќе ги тужи сите странски компании што се обидуваат да купат нафта од источните пристаништа, што е уште еден доказ дека клиенти сепак постојат. Актуелната либиска влада очигледно е свесна за фактот дека пред помалку од три години токму тие беа милитанти надвор од законот, кои со директна воена помош од НАТО ја соборија легитимната либиска влада на чело со Моамер Гадафи. Аруси доста драматично ја опиша ситуацијата. 

    -Либискиот народ умира зашто немаме финансии. Ни требаат пари за болните, за увоз на храна, за школите, болниците, за изградба на патишта. Ако нема нафта, либискиот народ ќе умре - вели тој.

    Сиромашни при нафта

    Аруси веројатно е во право зашто оваа ситуација, особено ако потрае, ќе има катастрофални последици за западот на земјата и за Триполи, но можеби токму и тоа е целта на сепаратистите на истокот за на тој начин полесно да дојдат до федерални концесии, а подоцна и до автономија или целосно отцепување, коментира хрватскиот портал „Адванс". Проблемите што Аруси сега ги споменува беа решавани со моделот на директна демократија, што во Либиска Џамахирија го воведе Гадафи, а кој тие го соборија. Во потезите на владата на Гадафи, во ретроспектива, може да се најдат грешки, но неспорен факт е дека Либија имаше исклучителен развој и животен стандард поголем од многу земји. Факт е дека сето тоа го овозможуваше нафтата, но постојат и други земји исклучително богати со нафта, во кои населението одвај преживува во екстремна сиромаштија. Во Либија за време на Гадафи тоа не се случи, но се чини, според изјавите на министерот Аруси, дека таквиот тренд на сиромаштија сега се враќа на голема врата. На т.н. ослободители на Либија воопшто не им е гајле за животот на либиското население, а ако проценат дека повеќе им се исплати да работат само со истокот, тоа и ќе го сторат. Ако треба, ќе ја поддржат и нивната независност, како што го сторија тоа претходно во случајот со радикалните милитанти, меѓу нив и познати терористи кога почна планот за соборување на Либиската Арапска Социјалистичка Џамахирија, пишува „Адванс".

     

       (Дневник)

        11 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 219 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024