Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 2:27 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    НСА НА ТАПЕТ ВО ЕВРОПСKИОТ ПАРЛАМЕНТ САД И БРИТАНИЈА ШПИОНИРАЛЕ ИЛЕГАЛНО

    НСА НА ТАПЕТ ВО ЕВРОПСKИОТ ПАРЛАМЕНТ

    САД И БРИТАНИЈА ШПИОНИРАЛЕ ИЛЕГАЛНО

     

    Програмите за масовно набљудување, кои САД и Британија ги користат за да ги шпионираат луѓето во Европа, беа најстрого осудени на првиот парламентарен претрес за откритијата на кој беше побарано ставање крај на систематското собирање лични податоци од страна на разузнавачките агенции, пренесе „Гардијан". Во извештајот од претресот на парламентарниот Kомитет за граѓански слободи се вели дека активностите на американската Национална агенција за безбедност (НСА) и нејзиниот сојузник, британскиот Владин штаб за комуникации, се нелегални и дека нивните операции длабоко ја разнишале довербата меѓу земјите што се сметале за сојузници. Нацрт-извештајот беше дискутиран во четвртокот. Kлoд Мораес, известувачот од кого беше побарано да го оцени влијанието на откритијата на Едвард Сноуден, го осуди начинот на кој новинарите што работат на приказните се заплашувани од властите. 

    Сноуден ќе сведочи преку видеолинк

    Иако Сноуден e с` уште во Русија, се очекува европарламентарците да добијат докази од него преку видеолинк следните недели. Парламентарците од Kомитетот во четвртокот гласаа Сноуден да сведочи спротивставувајќи се на предупредувањата од клучни американски конгресмени дека тоа би ја уништило репутацијата на ЕП и дека ќе ~ наштети на соработката со Вашингтон. Додека 36 члена на Kомитетот гласаа да го слушнат Сноуден, само двајца британски конзервативци гласаа против.

    -Сноуден загрози животи. Неговото повикување е многу неодговорен чин на претрес, кој имал мал интерес за изнаоѓање факти и обезбедување балансиран пристап до ова деликатно прашање. Ако Сноуден сака да даде докази, ќе мора да излезе од сенките и да ризикува неговата локација да биде откриена – истакна Тимоти Kиркхоуп.

    Се бара усогласување на законите

    Од друга страна, Сара Ладфорд од либерално-демократите ја осуди позицијата на конзервативците.

    -Да се игнорира Сноуден е апсурдно. Прашањето за тоа дали разузнавачките служби се надвор од контрола заслужува сериозна истрага во Европа, како и во САД – нагласи Ладфорд.

    Извештајот ги повикува американските власти и европските земји да ги забранат масовното набљудување и опсежното процесирање на личните податоци. Во извештајот се инсистира дека масовното набљудување има потенцијални штетни ефекти врз слободата на медиумите, како и значителен потенцијал за злоупотреба на собраните информации против политичките опоненти. Во него се бара Велика Британија, Германија, Франција, Шведска и Холандија да ги ревидираат законите со кои се регулираат активностите на разузнавачките служби за да се осигурат дека се во согласност со европската конвенција за човекови права. Исто така, се повикуваат САД да ги ревидираат своите закони и да ги доведат во согласност со меѓународните за да ги признаат приватноста и другите права на граѓаните на ЕУ. Нацрт-извештајот, кој сега треба да биде изгласан од комората, претставува уште еден дел од низата критики за шпионирањето. С` на с`, нацрт-верзијата на извештајот содржи 116 пронајдоци и препораки.

    Сноуден зел 1,7 милион тајни документи

    Поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден ги довел во потенцијална опасност воените сили на САД во странство, изјавија претставници на американските власти нагласувајќи, оти тој изнел 1,7 милиони тајни документи, од кои повеќето се воени. Тајните податоци, кои се во сопственост на пребегнатиот соработник на НСА, во најголем дел се однесуваат на воените операции на американската војска.

    Претседавачот на Одборот за разузнавачки работи на американскиот Kонгрес, Мајк Роџерс, и неговиот заменик Даџ Раперсбергер изјавија дека Сноуден ги довел во потенцијална опасност силите на САД во странство откривајќи ги шпионските методи што се спроведуваат. Тие нагласија дека Сноуден украл 1,7 милиони тајни фајлови. 

     

       (Дневник)

         11 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 184 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024