Засега нема извештаи за човечки жртви, а причините за пожарот се уште не се познати.
Пожарот избил по полноќ по локално време во градот познат по добро зачуваните стари улици, згради и тибетанска култура.
Градот Дукезонг се наоѓа во округот Шангри Ла во провинцијата Јунан на југозапад во Кина. Во извештаи на локални медиуми може да се видат инсерти од пожарот во кој изгореле повеќе од 100 куќи. Во гаснењето учествувале повеќе од 2.000 пожарникари, војници, полицајци и локални официјални лица кои не успеале да го стават пожарот под контрола ниту десет часови откако избил.
(Денешен Весник)
12 јануари 2014