Со својот потег, Ајцан Хасан (15) спаси животи на стотина деца во училиштето. Инцидентот се случи во село во округот Хангу во понедленикот кога тој забележал маж кој на себе носел експлозив. Иако другарите го убедувале да се откаже, Хасан одлучил да му се спротистави на напаѓачот кој успеал да го активира експлозивот.
Детето им подлегна на повредите подоцна во локалната болница, а во тој инцидент не загина никој друг, ниту е повреден.
Кабинетот на пакистанскиот премиер Наваз Шариф денеска соопшти дека упатиле препорака до претседателот Мамнун Хусаин да одобри доделување награда Ситара-е-Шуџат (ѕвезда за храброст) за маченикот Ајцаз Хасан.
Таткото на загинатиот Ајцаз, Муџахид Али изјави: Иако го загубив синот, не жалам заради тоа што го направи, постапи херојски и горд сум заради неговата храброст.
(Денешен Весник)
12 јануари 2014