Тоа се податоци што ги објавија денеска ирачки невладини организации.
Жртви во немирите се 72 лица меѓу кои 13 жени и 21 дете.
Двеста деведесет и седум цивили меѓу кои 155 деца се ранети. Во болници се примени 89 луѓе во крајно тешка состојба.
За време на судирите над 18.000 семејства ги напуштиле домовите во Рамади и Фалуџа. Се повеќе деца добиваат тешки заразни болести бидејќи многумина од бегалците живеат во кампови или во напуштени објекти.
Ирачките сили не соопштуваат за загуби, но според аналитичари можно е таа цифра да биде над сто. Армиските сили, полицијата, учествуваат во антитерористички операции во провинцијата Анбар од 21 декември со припадници на терористичката Исламска држава во Ирак и Левант.
(Денешен Весник)
12 јануари 2014