Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 3:04 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    РВАТСКИ ВЕЧЕРЊИ ЛИСТ Над 300 исклучително опасни терористи може да се вратат во Македонија, ЦГ, Србија, БиХ, како висок ризик за регионот

    ХРВАТСКИ ВЕЧЕРЊИ ЛИСТ
     

    Над 300 исклучително опасни терористи може да се вратат во Македонија, ЦГ, Србија, БиХ, како висок ризик за регионот

    Во Сирија има околу 300 борци од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово (120 од БиХ, 93 од Србија, над 30 од Косово и околу 60 од Македонија и Црна Гора), кои се борат со припадниците на исламската држава Ирак и Левант. Нивното враќање во татковините ќе биде потенцијално висок ризик, бидејќи станува збор за исклучително опасни терористи, кои ја покажаа својата суровост во сириската војна, пишува хрватски Вечерњи лист.

    Регионалните разузнавачки служби, особено во Босна и Херцеговина и во Србија, се во состојба на готовност откако Слободната сириска армија, која се бори за соборување на Башар ал-Асад и воспоставување секуларна демократска држава Сирија, им објави војна на радикалните исламистички групи поврзани со Ал каеда, пишува весникот.

    По жестоките борби Слободната сириска армија успеа да ги потисне припадниците на исламската држава Ирак и Левант, поврзани со Ал каеда, составени од странски доброволци што дошле во Сирија за да се борат против Башар ал-Асад и основаа исламска држава како онаа во талибанскиот Авганистан, киднапираа новинари, активисти, ги мачеа и ги убиваа Сиријците што се со нив. Досега во жестоките борби на сириското бојно поле загинаа неколку десетици џихадисти од поранешна Југославија, главно од Босна и Херцеговина. По тешките загуби, Абу Мухамед ал-Аднан, командантот на исламската држава Ирак и Левант, побара прекин на огнот, но Слободната сириска армија и други бунтовнички фракции поставуваат услов: странските доброволци да си заминат од Сирија.

    Имено, според пишувањето на сите медиуми од просторите на поранешна Југославија, повеќе не е тајна дека во Сирија има околу 300 исламисти од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово (120 од БиХ, 93 од Србија, над 30 од Косово и околу 60 од Македонија и Црна Гора), кои се борат на страната на исламската држава Ирак и Левант. Нивното враќање во татковините ќе биде потенцијално висок ризик, бидејќи станува збор за исклучително опасни терористи, кои ја покажаа својата суровост во сириската војна, пишува весникот.

    Во последниот извештај на разузнавачката служба на БиХ (СИПА), која тесно соработува со сириската разузнавачка служба, со која разменува податоци за движењето на опасните терористи, се наведува дека најголемиот безбедносен проблем на ваквиот воен ангажман е тоа што голем број џихадисти им се приклучиле на вооружените групи поврзани со Ал каеда, што е потенцијална опасност по нивното враќање.

    „Интензивно соработуваме со босанските, српските, хрватските и другите земји во регионот. Тоа е мошне корисно, иако е тешко да се следат зашто не ја користат домашната мобилна мрежа, која ние можеме да ја контролираме, туку се служат со босански, хрватски и српски СИМ-картички", вели претставникот на сириската разузнавачка служба, Гајас Ибрахим.

    Гајас се чуди зошто службите во регионот, кога веќе имаат толку податоци за движењето на терористите, не ги спречуваат да отидат на бојното поле во Сирија. Имињата на сите џихадисти им се познати на безбедносните агенции во регионот.

    Безбедносниот експерт проф. д-р Влатко Цвртила исто така смета дека враќањето на џихадистите во нивните земји е потенцијална опасност.

    „Веќе и самата можност за организирање единици што се користат за радикализација е голем проблем и, се разбира, потенцијален ризик, зашто се враќаат добро организирани", вели проф. Цвртила за Вечерњи лист. Тој е убеден дека сите служби во регионот соработуваат, и тоа во рамките на мултинационален договор.

    „Сигурен сум дека сите разузнавачки агенции во регионот се во состојба на целосна готовност, се разбира, вклучувајќи ја и Хрватска, па го проверуваат секој детаљ и сите тие луѓе со намера да спречат каков било терористички акт. Верувам дека ќе успеат во тоа", вели професорот Цвртила.

    Дали е можно воените повратници поврзани со Ал каеда да организираат терористички напади во земјите на регионот, како што прават во Русија?

    „Досега бевме поштедени од таквите форми на политичко насилство и тероризам. Во овој момент е тешко да се предвиди што ќе се случува во иднина. Секако дека постои опасност. Се разбира, може да има зголемена радикализација, но и не мора да биде предуслов за насилство", заклучува професор Цвртила за Вечерњи лист.

       (МКД)

        12 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 307 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024