Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 2:01 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    НОВА ОПАСНОСТ ЗА РЕГИОНОТ Во Сирија војната завршува, исламскиот радикализам се сели на Балканот

    НОВА ОПАСНОСТ ЗА РЕГИОНОТ
     

    Во Сирија војната завршува, исламскиот радикализам се сели на Балканот

    Покрај многубројните предупредувања од разни разузнавачки служби, вчера на опасноста од ширењето на верскиот радикализам во регионот по завршувањето на воениот конфликт во Сирија предупреди и Кристиан Вигенин, шефот на бугарската дипломатија.
     

    „Еден ден војната во Сирија ќе заврши. Кога тоа ќе се случи, граѓаните од државите во регионот што учествуваат во тој оружен конфликт, ќе се вратат во своите татковини, односно ќе се вратат во регионот. Ние знаеме дека од соседните земји има лица што се вклучени во војната во Сирија. Кога ќе се вратат дома, тие ќе претставуваат потенцијална безбедносна опасност за државите во овој регион", изјави вчера во Скопје Кристиан Вигенин, шефот на бугарската дипломатија, кој одржа едночасовно предавање во Дипломатската академија на Министерството за надворешни работи на Македонија.

    Според некои информации во Сирија имало 300 Албанци од Косово, Албанија и Македонија, а досега е познато дека тројца македонски Албанци загинале во сириските борби.

    Други извори велат дека во Сирија има околу 300 борци од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово (120 од БиХ, 93 од Србија, над 30 од Косово и околу 60 од Македонија и Црна Гора), кои се борат со припадниците на исламската држава Ирак и Левант. Нивното враќање во татковините ќе биде потенцијално висок ризик, бидејќи станува збор за исклучително опасни терористи, кои ја покажаа својата суровост во сириската војна, пишува хрватски Вечерњи лист.

    „Веќе и самата можност за организирање единици што се користат за радикализација е голем проблем и, се разбира, потенцијален ризик, зашто се враќаат добро организирани", вели безбедносниот експерт проф. д-р Влатко Цвртила за Вечерњи лист. 

        (МКД)

         12 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 217 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024