Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-18, 8:30 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Студент ја тужи ЦИА поради вмешаноста во апсењето на Мандела

    Студент ја тужи ЦИА поради вмешаноста во апсењето на Мандела

    Тужбата против американската разузнавачка агенција ЦИА вчера во Вашингтон ја поднел студент, кој побарал објавување на документите што би ја разоткриле улогата на американската влада во апсењето на неодамна починатиот јужноафрикански борец против апартхејдот Нелсон Мандела во 1962 година, пренесува Хафингтон пост.
     

    „Според некои извори, ЦИА била вмешана во апсењето на Мандела во 1962, што резултирало со негово долгогодишно заробеништво", се вели во тужбата на Рајан Шапиро, кој додал дека починатиот јужноафрикански претседател тогаш бил претставен како „марксистички терорист".

    Студентот, кој работи на својот докторат по историја и антропологија во Масачусетс, побарал од федералниот суд во Вашингтон да ѝ наложи на централната американска разузнавачка агенција да ги објави документите поврзани со тој случај, врз основа на законот за слободен пристап до информациите. Според него, агенцијата тоа досега одбивала да го направи.

    Портпаролот на ЦИА Шон Бојд за Франс прес изјавил дека ЦИА „генерално се воздржува да ги коментира правните предмети што се предмет на истрага од страна на судовите".

    „Иако веќе подолго време се знае дека ЦИА била вмешана во апсењето на Мандела, во јавноста има многу малку прецизни информации за таа вмешаност", се вели во тужбата.

    „Исто така, иако веќе подолго време се знае дека американската разузнавачка служба редовно му давала информации на африканскиот режим за движењето против апартхејдот, има премалку информации за тоа. И на крај, иако денес во целиот свет се слави како херој и борец против апартхејдот, американската влада Мандела го прикажувала како терорист и тој бил на листата на терористи сѐ до 2008 година", пишува во документот поднесен во федералниот суд на округот Колумбија (Вашингтон).

       (МКД)

        12 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 174 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024