Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 9:38 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Сириската влада ќе учествува на мировните преговори „Женева-2“ (1дел)

    Сириската влада ќе учествува на мировните преговори „Женева-2"

    Најголемата сириска опозициска група вчера во Истанбул требаше да одлучи дали ќе учествува на разговорите. САД вршат притисок врз опозицијата да преговара со сириските власти предводени од претседателот Башар ал Асад

     

    Дамаск нуди прекин на огнот во најголемиот сириски град Алепо

    ДАМАСК НУДИ ДЕЛУМНО ПРИМИРЈЕ И РАЗМЕНА НА ЗАТВОРЕНИЦИ

    Министерот за надворешни работи на Сирија, Валим Муалем, од Москва го потврди учеството на претставниците на сириската влада на мировните преговори „Женева 2", кои во среда треба да почнат во швајцарскиот град Монтре. Најголемата сириска опозициска група вчера во Истанбул требаше да одлучи дали ќе учествува на разговорите. САД вршат притисок врз опозицијата да преговара.
    -Убедени сме дека мирољубивиот дијалог е единствениот начин за наоѓање решение за кризата во Сирија - изјави вчера сирискиот министер за надворешни работи во Москва, каде што разговараше со својот руски колега Сергеј Лавров.

    Муалем додаде дека на Русија ѝ предал планови за прекин на огнот во најголемиот сириски град Алепо и дека власта е подготвена да размени затвореници со опозицијата. Овие мерки би требало да ги натераат опозициските групи да седнат на преговарачка маса со сириските власти, наведува Би-би-си.
    Сириските бунтовници што ги поддржува Вашингтон се согласија дека ќе прогласат прекин на огнот ако и Владата го стори истото тоа. Но ако се земе предвид историјата на насилства во најголемиот сириски град, неизвесно е дали може да се постигне парцијален прекин на огнот. Згора на тоа, дури и ако се постигне прекин на огнот, нејасно е дали ќе го почитуваат моќните локални исламистички групи што војуваат и со силите лојални на претседателот Башар ал Асад и со бунтовничките сили што ги поддржуваат САД и земјите од Персискиот Залив, посочува Ројтерс.

    Вашингтон врши притисок врз сириската опозиција да учествува на мировните преговори „Женева-2", иако некои нејзини членови веќе се повлекоа. Сириското опозициско Национално координациско тело (НКТ) завчера соопшти оти нема да учествува на преговорите, а главната сириска опозициска група, Националната коалиција, требаше вчера да донесе одлука дали ќе преговара во Швајцарија. Опозициските претставници велат дека не сакаат да преговараат ако постои можност претседателот Асад да биде вклучен во идната преодна влада. Дамаск, пак, вели дека не смее да има предуслови за преговорите.
    Според арапскиот весник „Ал хајат", на мировната конференција за Сирија се очекува да учествуваат американскиот државен секретар Џон Кери; шефот на руската дипломатија Лавров; генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун; меѓународниот специјален пратеник за Сирија, Лахдар Брахими; лидерот на Националната коалиција за сириските опозициски сили, Ахмед ал Џарба; како и претставници на сириската влада и на уште триесетина земји. Преговорите би требало да почнат со потпишување декларација за начелата за решавање на конфликтот во Сирија, која би опфатила и формирање преодна влада во Дамаск, во согласност со договорите постигнати во Женева на 30 јуни, наведува Итар-Тасс.
    Во тригодишниот конфликт во Сирија досега се убиени над 100.000 лица. Два милиони лица избегаа од земјата, а 6,5 милиони лица се внатрешно населени.


    Rating: 0.0/0
    Views: 203 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024