Русија сака да присуствува и Иран
Русија сака во преговорите да учествува и Иран, но САД велат дека Техеран мора прво да се согласи на заклучоците од првата мировна конференција „Женева-2", што предвидуваат политичка транзиција во Сирија. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров завчера разговараше со сирискиот колега Валим Муалем и со иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф. Лавров нагласи дека нивната средба не била дел од некаква „скриена агенда".
Москва ја зголемила испораката на оружје за Асад
Русија во изминативе недели ја зголеми испораката на оружје за Сирија и ги зајакна силите на претседателот Башар ал Асад со оклопни возила, беспилотни летала, наведувани бомби за авиони, радари, резервни делови за хеликоптери и со друга воена опрема, тврдат неименувани извори на агенцијата Ројтерс.
Тие велат и дека Русија го испорачувала оружјето директно или преку црноморските земји како Бугарија, Романија и Украина. Москва и Дамаск не ги коментираат ваквите наводи, а Бугарија, Романија и Украина ги демантираат.