„Ѕверот од истокот"- кинескиот тенк ги топи западните тенкови
Кинеската армија го тестираше тенкот од најновата верзија Тајп 99 под ознаката ЗТЗ 99г , еден од најдобрите десет тенкови во армиите во светот, кој е познат и како „ѕверот од истокот"
Новата верзија во споредба со претходните изданија има нов изглед, активен систем за заштита и систем за управување со борбеното дејство. Опремен е со современа техника за набљудување за командирот на тенкот.
Тенкот го задржа топот со калибар од 125 мм со автоматско полнење. Има поголем радиус на движење од рускиот Т72, тврдат претставници на кинеската армија.
Медиумите во Кина информираат дека гранатата испалена од овој тенк може да пробие оклоп на современите западни тенкови, вклучувајќи ги и британскиот Челиндџер 2 и американскиот Амбрамс М1.
(Нова Македонија)
22 јануари 2014