Новиот супер автомобил на Путин!
Руската агенција Лента објави макета на новата руска супер лимузина, Марусја-Л2, која ќе биде наменета за претседателот Владимир Путин и на другите високи функционери во Кремљ
Автомобилот е наречен по народното руско женско име Марусиа или Марусја. Овој автомобил потсетува на Цитроен „жаба" и тежи еден тон, а може да развие брзина од 100 километри за 4,2 секунди.
Автомобилот ќе има автоматизиран кокпит и ќе биде блиндиран, а може да издржи и нуклеарен удар! Стаклата ќе бидат затемнети и непробојни.
Марусја ќе биде произведена во ограничена количина и нема да се продава на пазарот. Со производство ќе се почне во 2015 година во московската фабрика ЗИЛ.
(Нова Македонија)
22 јануари 2014