Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 3:21 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Туркменистан - социјален рај на Земјата

    Туркменистан - социјален рај на Земјата

     
    Може ли некој да поверува дека постои држава во која граѓаните не плаќаат сметки за гас, струја и вода? Тој „рај на Земјата" се вика Туркменистан и се наоѓа во Средна Азија, а на нејзино чело со апсолутна власт владее претседателот Гурбангули Бедримухамедов.

    Но, претседателот неодамна најавил дека во домаќинствата ќе почне да се поставуваат калориметри, зашто сака енергијата да ја трошат поефикасно.

    Се проценува дека во 2006 година, кога Бедримухамедов дојде на чело на државата, парламентот што го контролира изгласа продолжување на „политиката на бесплатна енергија" до 2030 година.

    Бедримухамедов владее со државата со цврста рака, а слободни медиуми не постојат во државата со пет милиони жители, во која мнозински народ се муслиманите. Претседателот го добил прекарот Заштитник, а во 2012 година победил со 97 отсто гласови. Но, независните организации за надгледување на изборите имале многу забелешки на постапката на избор. Владата во октомври минатата година објави дека бесплатниот гас за граѓаните ја чини државата пет милијарди долари секоја година и јасно е дека претседателот со воведувањето на калориметрите сака да го намали тој трошок. Но, се' уште не е познато дали и кога на адресите на граѓаните на Туркменистан ќе почнат да пристигнуваат сметки за гас.
     
       (Утрински Весник)
        22 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 219 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024