Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-11-22, 8:51 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ПЕКОЛОТ НЕ ПОСТОИ, АДАМ И ЕВА НЕ ПОСТОЈАТ - ВЕЛИ ПАПАТА ФРЕНЦИС ЗА ТАЈМ МАГАЗИН

    ПЕКОЛОТ НЕ ПОСТОИ, АДАМ И ЕВА НЕ ПОСТОЈАТ - ВЕЛИ ПАПАТА ФРЕНЦИС ЗА ТАЈМ МАГАЗИН
    Човекот кој е тука за да отвори многу стари "тајни" во Католичката Црква е Папата Френцис. Некои од верувањата на црквата но спротивни на љубовта Божја сега Папата ги менува. Тој скоро беше именуван за човек на годината од страна на Тајм Магазин.

    Во неговите најнови откровенија, папата Френцис изјави:
    "Преку понизност, барање на душата и молитвена контемплација се здобиваме со разбирања на одредени догми. Црквата повеќе не верува во буквален пекол во кој луѓето патат, Оваа доктрина не е компатибилна со бесконечната Божја љубов. Господ не е судија туку пријател со бесконечна љубов кон човештвото. Бог бара не за да осудува туку за да дава прифаќање. Како во приказната за Адам и Ева, гледаме на пеколот буквално како на уред. Пеколот е само метафора за изолирана и осамена душа, која како и сите души конечно ќе биде обединета во љубов со Бога".
    Во шокантен говор кој одекнува низ целиот свет, Папата Френцис изјави дека:
    "Сите религии се вистините, зашто се вистини во срцата на сите оние кој веруваат во нив. Која друга вистина постои? Во минатото, црквата беше строга со оние кои морално грешеа. Денес, ние не судиме повеќе. Како грижлив татко, ние никогаш не ги осудуваме нашите деца. Нашата црква е доволно голема и за хетеросексуалците и за хомосексуалците, за про-животот и про-изборот! За конзервативците и либералите, дури и комунистите се добредојдени да ни се придружат. Ние сите ги сакаме и му се поклонуваме на ист Бог".
    Во последните шест месеци, католичките кардинали, бишопи и теолози разговараат за иднината на црквата и ги редефинираат долгопостоечките католички доктрини и догми. Третиот ватикански совет е најголемиот и најважниот по вториот ватикански совет кој беше склучен во 1962.
    Папата Френцис го свика новиот совет за "конечно да ја заврши работата на Вториот Ватикански Совет".
    Третиот Ватикански Совет беше склучен со изјавата на Папата Френцис дека...
    Католицизмот сега е "модерна и прифатлива религија, која ги надмина еволутивните промени. Дојде времето да се напушти нетолеранцијата. Мораме да признаеме дека религиозните вистини еволуираат и се менуваат. Вистината не е апсолутна и испишана во камен. Дури и атеистите го признваат Божественото. Преку акти на љубов и добротворби атеистите исто така го признаваат Господ, ги искупуваат нивните души и активно партиципираат во спасението на човештвото".
    Една изјава од говорот на Папата ги стави традиционалистите во конфузија и хистерија...
    "Бог се менува и еволуира исто како и ние, зашто тој живее во нас и во нашите срца. Кога шириме љубов и добрина во светот, допираме до Божественото во нас и ги препознаваме. Библијата е убава света книга, но како и сите големи и антички дела, некои пасуси се застарени. Некои дури и повеикуваат на нетолеранција и судење. Дојде време да ги погледнеме овие стихови како подоцнежни интерполации, спротивни на пораките за љубов и вистина кои инаку зрачат од списите. Соодветно со нашите ови разбирања, жените ќе почнат да стануваат кардинали, бишопи и свештеници. Во иднина, се надевам, дека еден ден папа ќе биде жена. Ниедна врата не смее да биде затворена за жени, а отворена за мажи!"
    Неколку кардинали во Католичката црква се против последните излагања на Папта Френцис. 

       (се наежив, и немам коментар, секој нека процени сам ако може, на каде води овој пат, и што Папата сака да каже, и кој стои зад него, а можеби и...)

        (think.mk)
         23 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 303 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024