Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 3:27 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Руските воени бродови се враќаат на Медитеранот заедно со кинеските

    Руските воени бродови се враќаат на Медитеранот заедно со кинеските

    Руските и кинеските морнари, судејќи според соопштенијата на министерствата за одбрана на двете земји, со најавената воена вежба ќе ги усогласат своите воени морски сили и практично ќе покажат како заеднички дејствуваат во источниот дел на Медитеранот

    НОВИ ГЕОПОЛИТИЧКИ ПРЕВИРАЊА

    По руското барање во декември за изградба на модерни морнарички бази на Јадранско Море во Црна Гора и на Егејот во Кипар, сега Кремљ и Пекинг ги почнаа заедничките вежби на нивните морнарици на Медитеранот. 

    Токму овој последен чин на Москва може да се разбере дека е најновиот чекор од исполнувањето на поставената стратегија на Владимир Путин за оживување на руското воено присуство во Медитеранот.
    Според планот на рускиот претседател, до 2015 година руската воена морнарица би требало да крстосува по водите на Средоземно Море на идентичен начин и со еднаква бројност како што тоа сега го прават бродовите на НАТО и на САД.

    Стратегијата предвидува дека пловилата на оваа практично нова руска военооперативна флота, која реално престана да постои уште од времето на Советскиот Сојуз, во почетокот ќе бидат под команда на Црноморската флота, а подоцна, кога ќе се создадат доволно услови, новата флота ќе може да дејствува самостојно. Оперативната флота би требало тогаш да личи комплетно на сегашните четири руски флоти: Црноморската, Северната, Балтичката и Тихоокеанската.

    ЗАЕМНА МОРСКА СОРАБОТКА

    Последниот чекор на генералите во Кремљ и Пекинг е насловен „Заемна морска соработка 2013", која ќе почне најдоцна до јули годинава.

    Заедничката тактичка вежба во Средоземно Море, како што јави ИТАР-ТАСС, ќе биде изведена од екипажите на двата брода што досега учествуваа во јануарската операцијата за обезбедување на транспортот на сириското хемиско оружје.

    Во тогашната акција разурнувачите „Петар Велики" и „Јан Чен" на 7 јануари успешно го спроведоа и обезбедуваа данскиот брод „Арк футура", кој ја превезуваше првата пратка од сириското хемиско оружје. 
    Руските и кинеските морнари, судејќи според соопштенијата на министерствата за одбрана на двете земји, со најавената воена вежбата ќе извршат зголемување на оперативната усогласеност меѓу нивните воени морски сили и практично ќе покажат како заеднички да дејствуваат во источниот дел на Медитеранот. 

    Освен во водите на Медитеранот, соработката на морнариците на овие две воени суперсили е евидентна насекаде во светот, пишува рускиот весник „Комерсант".

    Како пример се наведува и најавената воената вежба, која ќе почне на 5 јули и ќе трае до 12 јули, во близината на спорните Јапонско-Кинески острови кај минијатурниот архипелаг Окинава, за кој се спорат Пекинг и Токио. 

    Овие воени вежби Пекинг ги оцени како одличен знак на сојузништво од страна на Москва и како најголеми воени вежби во кои Кина воопшто учествува со некоја странска земја.

    Генералот Фанг Фенгхиу, кој воедно е и командант на кинеската Народна ослободителна војска, поврзано со последните активности со руската армија за руските медиуми изјавил дека неговата земја воено нема да се насочува кон трета страна, а сѐ било со намера да се продлабочат односите со Русија.
    Овие вежби близу Токио се одговор на заедничките вежби на Јапонија и на САД.

    Кинеската флота во азиските води за вежбите ќе биде составена од четири разузнавачи и две ракетни фрегати, како и од еден помошен брод, пишуваат кинеските медиуми. Се очекува Русија во вежбите да учествува со 11 воени брода, една подморница и три авиони.

    ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВОЕНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ

    Воено-политичките аналитичари овој чин на здружување на армиските „мускули" на Пекинг и на Москва го оценуваат како еден сосема логичен редослед на настани на практикување една долгогодишната соработка на ова поле меѓу двете суперсили што има потенцијал да прерасне во воен пакт.

    По последната посета во Русија во март лани, на новиот претседателот на Кина, Си Џинпинг со Владимир Путин, беше заклучено дека Пекинг и Москва треба да се поддржуваат еден со друг во своите напори за заштита на националниот суверенитет, безбедност и интересите. 

    Путин тогаш одговори: „Стратегиското партнерство меѓу нас има огромно значење, како на билатерален така и на меѓународен план". 

    Руските и кинеските медиуми лани во своите анализи поврзани со оваа средба меѓу првите луѓе на двете суперсили оценија дека треба многу да се работи и да се дотераат меѓусебните разлики за да се зацврсти потенцијалниот воен сојуз.

    „Русија денес" информира дека општоприфатената гледна точка на САД практично не дозволува можност за глобално прегрупирање на силите, што веќе е активирано од страна на Кина и на Русија, кои чувствуваат дека американската и европската политика се закана за нив. Медиумот подвлекува дека ако се забетонира сојузништвото меѓу Москва и Пекинг, ќе се извршат сериозни промени од тактички геополитички карактер, кои со себе глобално ќе повлечат огромно и долговремено влијание врз светската политика.

    Истиот медиум истакнува дека на овој руско-кинески сојуз сѐ уште му пречат многу нешта.

    - Двете земји треба да ги надминат долгогодишната заемна недоверба, кинеското чувство за доминација и руската носталгија по советската империја. Дополнително, Пекинг и Москва треба да работат на намалувањата на кинеските потреби од руска технологија, стравовите за суштествените кинески капитални вложувања во Сибир и фактот дека на овие две земји во бизнис-смисла многу повеќе им требаат САД и ЕУ отколку што си требаат еден на друг - заклучува „Русија денес".

    Русија и Кина веќе го зголемуваат и модернизираат својот воен потенцијал. Засега Вашингтон се однесува воздржано и претпазливо, за да не создаде впечаток дека прекумерно реагира. Но што може да се случи ако армиите на двете држави и понатаму јакнат, имаат вежби низ целиот свет, особено ако тоа го прават заедно? Тешко дека меѓу Западот и Кина и Русија ќе има војна. Она што е сигурно е дека ќе има поголем притисок на глобалната сцена, како и конфликтни ситуации, слични како оние во Сирија.

     
      
    Автор: Александар Србиновски / aleksandar.s@novamakedonija.com.mk
    (Нова Македонија)
    27 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 188 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024