Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 0:37 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ФРАНЦУЗИТЕ СЕ КРЕНАА ПРОТИВ ГЕЈ-БРАКОВИТЕ

    ФРАНЦУЗИТЕ СЕ КРЕНАА ПРОТИВ ГЕЈ-БРАКОВИТЕ

    Десетици илјади Французи во неделата излегоа на улиците на Париз и нa Лион за да протестираат против легализацијата на геј-браковите и да ја бранат нивната интерпретација на традиционалните семејни вредности, кои ги соединија конзервативците од целата земја. Според Ројтерс, непосредно пред протестите, во Париз биле распоредени 1.500 полицајци, а во Лион 600. 

    Протестите беа координирани од организацијата „Протест за сите", која минатата година се противеше на легализацијата на истополовите бракови и посвојувањето деца од нивна страна. Оваа организација веќе нагласи две прашања против кои се надева дека ќе извојува победа, а тоа е медицински потпомогнатото создавање потомство и ин витро-фертилизацијата за геј-паровите, пишува „Раша тудеј". Лидерот на групата, Лудвин де ла Рошер, истакна дека протестите се против овие две нешта затоа што, како што вели тој, на детето му требаат и мајка и татко.

    Француската влада ги отфрли шпекулациите дека планира да го зголеми пристапот до медицински потпомогнато создавање потомство за геј-паровите. Kонзервативците во Франција се разлутија и поради гласините дека на децата ќе им се предава родова теорија. Некои француски весници пишуваа дури и дека децата ќе учат како да мастурбираат и да го одбиваат нивниот сексуален идентитет. Гласините, според Франс прес, го покажуваат трескавичното ниво до кое католичките десничарски групи ќе одат за да добијат јавна поддршка. 

    Министерот за внатрешни работи на Франција, Мануел Валс, во интервју за весникот „Журнал диманш", вели дека француската умерена десница има обврска да се дистанцира од движењата што одбиваат да ги прифатат демократските одлуки на парламентот.

    Заменик-главниот секретар на опозициската централно-десничарска Унија за народно движење, Гефрој Дидие, ја обвини владата дека ја создава кризата.

    - С` повеќе и повеќе наши сонародници сакаат да го зачуваат својот економски социјален и општествен модел. Не би сакал да се најдам до малцинство чии позиции се сомнителни, па дури и проблематични - истакна Дидие.

    Франсоа Оланд го потпиша контроверзниот закон во мај минатата година, со што Франција стана 14. земја во светот што одобри геј-бракови.

    ЕДНА ТРЕТИНА ВЕРУВА ВО ТРАДИЦИОНАЛНОТО СЕМЕЈСТВО

    На законот се спротивставија голем број Французи, иако анкетите во тоа време покажуваа дека 55-60 отсто од населението ги поддржува истополовите бракови. Роберт Харнеис, новинар што ја следи ситуацијата во француското општество, за „Раша тудеј" вели дека и покрај репутацијата што Франција ја има како земја на либерални вредности, околу една третина од населението верува во традиционална фамилија и нема да го поддржи ова прашање и оти токму овој дел од општеството ги предводи протестите.

       (Дневник)

        4 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 255 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024