Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:53 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ИГРИ БЕЗ ОБАМА, МЕРКЕЛ, КАМЕРОН...

    ИГРИ БЕЗ ОБАМА, МЕРКЕЛ, КАМЕРОН...

    Официјален Кремљ ги отфрли шпекулациите дека станува збор за политички бојкот на свеченото отворање на Игрите во Сочи

     

    На стадионот при отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи нема да бидат Барак Обама, Дејвид Камерон, ниту пак Ангела Меркел, но Владимир Путин барем ќе биде во можност да ужива во друштвото на кинескиот претседател Ши Џинпинг, јапонскиот премиер Шинзо Абе и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, како и на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Кремљ се надева дека на церемонијата на отворањето ќе присуствуваат голем број светски лидери, но ЗОИ не се сметаат како настан „на кој мора да се присуствува", и многумина од Запад се одвратени од идејата да дојдат поради контроверзите околу подготовките на Игрите, особено со донесувањето на новиот закон со кој се забранува „геј пропаганда".

    Официјални претставници на Кремљ ги отфрлија шпекулациите дека станува збор за политички бојкот на свеченото отворање на Игрите во Сочи, со разни соопштенија до медиумите во кои се нагласува дека десетици странски лидери ќе присуствуваат на настанот и покрај тврдењата дека многу премиери и претседатели нема да дојдат на церемонијата во знак на протест околу контроверзниот руски закон против геј пропагандата, пишува „Москва тајмс".

    Во соопштението на интернет - страницата на Кремљ се наведува дека 60 високи официјални лица, претставници на странски влади, ќе присуствуваат на ЗОИ 2014 иако само 20 или нешто повеќе јавно го потврдија своето присуство. 

    Италија и Холандија се меѓу неколкуте европски земји кои ќе испратат висока делегација во Сочи. Италијанскиот премиер Енрико Лета, ќе присуствува на церемонијата на свеченото отворање, како и холандскиот крал Вилем-Александер. Холандскиот премиер Марк Руте ќе има средба со Путин во Сочи, и покрај многу турбулентната година за холандско-руските односи и апелите од геј заедницата во земјата да се бојкотираат Игрите.

    Томас Бах, првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), ја отфрли можноста за бојкот на на Игрите од страна на странските лидери, обвинувајќи ги за правење „претенциозен гест" кој „не носи ништо освен наслови во весниците низ светот". Бах, зборувајќи пред Путин и официјални лица од ИОК од целиот свет, изјави: „Ние сме им благодарни на оние кои го почитуваат фактот дека спортот само може да придонесе за развој на мирот ако не се употреби како сцена за политичко дисидентство, или за обид за добивање поени во внатрешен и надворешен контекст". 

    Во јасниот укор до Русија поради анти-геј законот, САД испрати делегација во која се вклучени двајца спортисти кои отворено се изјасниле како хомосексуалци – освојувачот на олимписка медала во хокеј во 2006 година, Кејтлин Кахоу и Брајан Боитано натпреварувач во уметничко лизгање. 

    Норвешка соопшти дека министерот за здравство Бент Хоеие, кој е хомосексуалец, ќе ја предводи официјалната делегација на Параолимпијадата, која почнува во март, и ќе допатува со својот сопруг. 

    Белорускиот претседател Александар Лукашенко, најверојатно ќе присуствува на церемонијата. Неговиот украински колега, Виктор Јанукович, кој има проблеми дома, најверојанто ќе има средба со Путин во наредниве денови. 

    Во Сочи ќе дојдат и претседателите на Казахстан, Таџикистан, Латвија, Бугарија, Финска, Србија, Чешката Република, Грција, Хрватска, Црна Гора, Киргистан. (Гардијан)

    (да не кажам што мислам за...)

    (Утрински Весник)
    7 февруари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 173 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024