Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 0:33 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Властите до жителите на Токио: седете дома, доаѓа снежно невреме

    Властите до жителите на Токио: седете дома, доаѓа снежно невреме

    Во Токио вчера наврнале 22 сантиметри снег, што е првпат од 1994 година во овој град снежната покривка да достигне повеќе од 20 сантиметри

    Во снежната бура, која ја зафати цела Јапонија, досега загинаа три лица, додека 500 се повредени. Поради невремето, кое е најголемо во последните 20 години, се откажани повеќе од 740 авионски летови, а без електрична енергија останале околу 40.000 јапонски семејства. Метеоролошката служба издаде предупредување за опасност од голема снежна бура на подрачјето на главниот град.

    Јапонските медиуми јавуваат дека ширум земјата се случиле најмалку 3.200 сообраќајни несреќи предизвикани од лошите временски услови на патиштата. Се очекува денеска и утре во Јапонија снегот да продолжи да паѓа во Токио, па затоа надлежните служби апелирале до граѓаните да не излегуваат од своите домови доколку не е потребно.

    Поради снегот времено се затворени аеродромите во Хирошима и Кагава во западниот дел од земјата. Исто така, откажани се и патувањата со брзите возови „Шинкасен" во западниот дел на Јапонија.

       (Нова Македонија)

        8 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 189 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024