Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 0:30 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ВАШИНГТОН СЕ ПЕРЕ ЗА ДИПЛОМАТСKИОТ СKАНДАЛ НУЛАНД ЈА ОПЦУЛА ЕУ ЗАШТО КАКО МЛАДА БИЛА НА РУСКИ БРОД

    ВАШИНГТОН СЕ ПЕРЕ ЗА ДИПЛОМАТСKИОТ СKАНДАЛ

    НУЛАНД ЈА ОПЦУЛА ЕУ ЗАШТО КАКО МЛАДА БИЛА НА РУСКИ БРОД

    мериканскиот Стејт департмент вчера соопшти дека ~ се извинил на Европската Унија за тајно снимениот разговор во кој помошник-државната секретар Викторија Нуланд порачува оти „ЕУ може да оди во мајчината", поради начинот на кој се поставува во врска со кризата во Украина. Меѓутоа тој на кого му беше упатено извинувањето, Брисел, не одговори веднаш, затоа, тоа го стори германската канцеларка Ангела Меркел, која имаше насобрано гнев уште порано предизвикан од скандалот со прислушување на нејзиниот мобилен телефон од страна на Американците.

    - Германската канцеларка смета дека понижувачките забелешки од американските дипломати за улогата на ЕУ во украинската криза се целосно неприфатливи - изјави вчера нејзината портпаролка.

    Kристијане Вирц додаде дека Меркел ја почитува работата на шефицата на европската надворешна политика, Kетрин Ештон.

    - Kанцеларката смета дека тие забелешки се целосно неприфатливи и истакнува дека Ештон својата работа ја извршува извонредно - изјави Вирц на прес-конференција. 

    Снимката, за која стотици набљудувачи на овие настани претпоставуваат дека е снимена од страна на Русија и која беше поставена на интернет од анонимен корисник, е направена од телефонски разговор меѓу Нуланд и американскиот амбасадор во Украина, Џефри Пјат, на 27 јануари. Таа не само што отвора еден голем дипломатски скандал, туку и ја потврдува вмешаноста на Западот во внатрешните работи на Украина, а во конкретниот случај, разговорот на Нуланд потврдува дека САД веќе ја кројат идната украинска влада.

    Вашингтон: Низок удар од Русија

    Во разговорот Нуланд и Пјат се договараат како да ја организираат украинската опозиција, со намалена улога на боксерот Виталиј Kличко, кого не го гледаат во идната влада, а во еден момент разгледувајќи ја поддршката од другите странски организации, Нуланд вели дека „ЕУ може да оди во мајчината".

    Портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки, вината ја префрли на фактот што како млада Нуланд работела на руски рибарски брод, каде што не само што добро научила руски, туку научила и да пцуе. 

    - Ја знам Торија добро, можеби знаете дека живеела на руски брод едно осум месеци кога имала 23 години, и тогаш научила како да употребува одредени зборови на неколку јазици. Мислам дека кажаното повеќе зборува за начинот на изразување отколку за ставот кон Европската Унија - изјави Псаки.

    Таа истакна дека објавувањето на разговорот и тоа на „Јутјуб" е нов низок удар од страна на Русија. 

    Снимката беше објавена завчера, во пресрет на новата посета на Нуланд на Украина, каде што помошник-државната секретарка доаѓа откако почна политичката криза поврзана со украинските преговори за трговски сојуз со ЕУ или со Русија. 

    Втор посериозен гаф

    Русија, од една, и САД и ЕУ, од друга страна, меѓусебно се обвинуваат за мешање во Украина и за поддршка на спротивставените страни. 

    Псаки вчера ги отфрли обвинувањата дека оваа снимка покажува како САД ја организираат украинската опозиција. 

    - Апсолутно не. Не треба да сме изненадени што американските функционери разговараат за разни прашања низ светот и дискутираат за прашања со кои се тесно поврзани. Останува на народот на Украина, вклучително и нивните функционери од двете страни, да решат за патот напред. Но, не треба да биде изненадување ако ние разговараме за настаните на терен - изјави Псаки. 

    Нуланд и Пјат разговараат за испраќањето на холандскиот дипломат Роберт Сери во Украина, како претставник на Обединетите нации, да посредува меѓу двете страни. Сери, поранешен холандски амбасадор во Украина, е познат во Македонија како висок пратеник на НАТО за време на конфликтот во 2001 година. 

    Ова е втор посериозен гаф во кратко време за Нуланд, откако претходно беше критикувана поради советот членовите на американскиот Kонгрес да се податоци за нападот врз конзулатот во Бенгази. (Х.И.)

    РУСКО ТОРПЕДО

    Четириминунтно видео е постирано под наслов „Kуклите од Маjдан" и е поставено од анонимен корисник. Не се знае потеклото на снимката, а прв пат за него е објавено на „Kиев пост".

    Дел од разговорот се одвива вака:„Мислам дека Kлич (Kличко) не треба да биде во владата. Не сум уверена оти е тоа добра идеја", вели Нуланд. Потоа разговорот се одвива за потребата ОН да ја прифатат новата влада при што се сугерира дека за тоа треба да се постигне договор од Брисел. „Тоа би било одлично... да ги имаме ОН, кои ќе помогнат, и знаеш... е.и ја ЕУ" вели Нуланд. „Токму така. И мислам дека треба нешто да направи за да ги здружиме, зашто биди сигурна дека ако почнат да добиваат предност, Русите ќе работат зад сцената за да ги торпедираат", вели амбасадорот.

       (Дневник)

        8 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 220 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024