Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:33 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Кој ќе го освои Медитеранот, ќе владее со Атлантикот и со светот

    Кој ќе го освои Медитеранот, ќе владее со Атлантикот и со светот

    Светските геополитички аналитичари велат дека на оваа сегашна слика на Медитеранот, кој е преполн со војска, влијаат многу случувања и геополитички збиднувања што ги привлекле тука морнариците и армиите на моќните суперсили

    Се трупа воена сила во водите на Медитеранот

    ГЕОПОЛИТИЧКА БИТКА НА СУПЕРСИЛИТЕ ОКОЛУ СРЕДОЗЕМНО МОРЕ

    Константно никнуваат нови воени утврдувања, пристаништа, авионски бази, а по меѓународните води непрекинато крстосуваат десетина воени модерни подморници, но и бродови на светските суперсили, меѓу кои носачи на авиони, разурнувачи и бродови опремени со разорни ракети. 

    Ова е сегашната сликата на Медитеранот, која барем по најавените воени вежби и најави за изградба на воени инсталации ќе се задржи подолг период и која по многу нешта личи на територијалните граници на Источна и Западна Европа за време на Студената војна.

    Светските геополитички аналитичари велат дека на оваа сегашна слика на Медитеранот влијаат многу фактори. Водите се полни со војска бидејќи влијаат многу случувања што ги привлекле тука морнариците и армиите на моќните суперсили, како кризата во Сирија, случувањата на Блискиот Исток, оформувањето на ракетниот штит, но и постоењето на поморската маршрута за илегални минувања на економските мигранти, кои по секоја цена од Африка сакаат да пристигнат во Европа.

    Се кршат копјата на суперсилите

    Иако се поделени мислењата зошто Медитеранот е местото каде што се кршат копјата на суперсилите, во една констатација повеќето аналитичари се согласуваат, а тоа е дека е неверојатно дека наспроти сериозните проблеми во светот и глобалната финансиска криза, Западот и Истокот си ги мерат мускулите покажувајќи кој има помоќна армија и дека најверојатно на повидок е нова и модерна студена војна, која сега, за разлика од претходната, очигледно од територијалните граници на Источна и Западна Европа ќе се префрли во водите на Медитеранот.

    Медитеранот врата на Атлантикот

    Белградскиот воено-политички аналитичар Мирослав Лазански вели дека сите овие демонстрации на воена моќ во водите на Медитеранот, кои зачестија во изминатиов период, не се ништо друго туку едноставно демонстрирање на тенденцијата на ширење на влијанието на суперсилите надвор од границите на нивните земји.

    - Студената војна и битката за надмоќ меѓу Кремљ и Пентагон никогаш не завршија со распадот на СССР, само сега добија поинаква форма и нова локација - вели Лазански.

    Тој објаснува дека ако во минатото, условно кажано, суперсилите ги „биеја" битките во Европа по границата меѓу блоковите, во Азија, во Виетнам или Кореја, сега тоа едноставно е Медитеранот, бидејќи таму се создале неопходните услови за сѐ.

    - Секоја демонстрација на воена моќ, како на пример, последново со парадирањето со воени бродови, зад себе има иста цел, а таа е преку ѕвечкањето на оружјето на армијата да се испратат директни политички пораки до противникот, кои не можат да ги кажат политичарите - објаснува Лазански.

    Тој смета дека уште долго ќе бидеме сведоци на ваква надвласт меѓу суперсилите и блоковите на моќ (Русија и Кина од едната и САД и НАТО од другата страна), бидејќи времето на примирјето, условно кажано, заврши.

    Пензионираниот генерал Митре Арсовски вели дека битката на суперсилите за инсталирање на своето влијание во Медитеранот е сосема логична.

    - Јас го разбирам сегашното и идно инсталирање на воените сили на Русија и на Кина од една страна и на Америка од друга страна, бидејќи целото Средоземно Море е исклучително стратегиски битно во геополитиката. Тоа е така бидејќи Медитеранот е врата што излегува на Атлантикот. Ако земјите како Русија и Кина успеат сега да загосподарат со Медитеранот, утре ќе пробаат да владеат и со Атлантикот и со светот - објаснува Арсовски.

    Генералот тврди дека Истокот, кој е предводен од Москва, сега е многу помоќен од времето по распадот на СССР и логично е тој да се обидува да си ги врати позициите на влијание што историски му припаѓаат и уште пологично е САД да се обидат да ги спречат во нивната намера.
     

     
      
    Автор: Александар Србиновски / aleksandar.s@novamakedonija.com.mk
    (Нова Македонија)
    9 февруари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 238 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024