-Се добива дека нашите западни партнери ја следат рефлексната реакција врз основа на упростениот принцип „ние против нив" и не размислуваат за последиците кои ќе ги предизвикаат на подолг рок, напиша Лавров во подолгиот напис што го објави весникот „Комерсант".
„Бевме непријатно изненадени од откритието дека во главите на функционерите од ЕУ и САД веќе е одреден слободниот избор на украинскиот народ и дека е тоа европската иднина", напиша Лавров.
Украина веќе повеќе од два месеца е во длабока политичка криза, откако претседателот Виктор Јанукович во ноември се откажа од подготовките за потпишување на Спогодбата за придружување со Европската унија и почна да работи на поблиските односи со Русија.
Лавров ги критикуваше протестите во Украина, изјавувајќи дека тие се неприфатливи обиди на „неколку илјади демонстранти" со сила да се изврши притисок врз владата.
Лавров ги критикуваше и обидите во име на граѓаните на Украина да се одлучи каква иднина ќе има нивната земја, па дури и кој треба да биде во владата.
„Сличните обиди за социјални превирања неизбежно беа завршени на многу лош начин", напиша Лавров, потсетувајќи на интервенциите на западните земји во Ирак, Авганистан и Либија.
(Нова Македонија)
13 февруари 2014