„Испраќаме предупредување, ако се почне напад врз нашите сили од некоја територија, сите негови позиции ќе бидат нападнати. Немаме никакво непријателство кон земјите во регионот, но ако нападот дојде од американските бази во соседството, ќе ги нападнеме и ќе ги уништиме", изјавил генералот Хасан Фирузабади, шефот на генералштабот на иранските оружени сили, кој денес го цитирала државната агенција Фарс.
Американските државници во последните неколку недели повторуваат дека „сите опции се на маса" во случај на неуспех на преговорите меѓу Иран и земјите од групата 5+1 за нуклеарната програма кои треба да продолжат во понеделник во Виена.
Преговорите што треба да траат најмалку шест месеци треба да овозможат склучување конечен договор за нуклеарната програма за да се докаже дека таа нема воена цел и за возврат да се постигне симнување на сите економски санкции против Иран, наметнати од страна на САД, ЕУ и ОН.
„Во последната деценија, Американците размислуваа за воен напад врз Иран, ги доведоа своите војници во регионот, но сфатија дека не можат да нѐ нападнат и си заминаа", изјавил генералот.
САД во регионот има повеќе воени бази, особено во Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Кувајт и Турција.
(МКД)
14 февруари 2014